снаодлив (прид.)

Мнозина тогаш умираат од глад. Само силните и снаодливите презимуваат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Џемал-ага е човек практичен. Жесток и безобѕирен кон слабите, со силните е чудно снаодлив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сиот брег е полн со летувалишта, кампинзи, во кои снаодливиот Грк ги примамува гостите и гостољубиво ги пречекува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ова се случило и со семејната мануфактура на снаодливиот Евреин Леви Штраус, митскиот творец на „легендата што живее“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бестрашен и снаодлив, Мече бил ефикасен и брз извршен орган на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Царот бил снаодлив и опитен воин.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој ќе проведува часови и часови на рабинската конференција, а таа не е ни многу подвижна, ниту снаодлива во други места.  Рабинот ги затвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Уметноста бара жртви, но пред сѐ, снаодливи луѓе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)