снаоѓање ср.

снаоѓање (ср.)

Го изоструваше и сетилото за гледање, за снаоѓање во темница, одејќи со раширени зеници низ мрачната соба и алкајќи со рацете пред себе за да не се удри во некој предмет и одејќи со меки чекори како мачка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како сакате наречете го тоа. Немоќ. Снаоѓање. Барање решение и таму каде што секоја надеж е загубена!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како на секој човек без карактер умот му беше сведен на елементарно снаоѓање и итрина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Макар што долго време минав на подготовките во СИП, како и во воената школа во Бањица кај Белград, бев свесен дека нема никакви рецепти за дејствување, за снаоѓање во вакви ситуации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поединецот и неговото снаоѓање или, така кажано, сопственото наоѓање во просторот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Онаму, каде тие се од пообемен карактер и во поголем број, заради полесно снаоѓање низ 4 Дополнително, до крајот на ноември 2015 година, ЗРО претрпе нови 4 изменувања и дополнувања, со што вкупниот број на рогации кај овој закон достигна 19.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)