снесе св.

снесе (св.)

Таа трпеливо ги бараше во него сите оние места, низ кои што можеше да се вовлече и уште подлабоко да се протне, за таму во неговата срцевина да може да почне да се загнездува и да ги снесе тука своите змиини јајца на сомневањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во нив требаше да снесат јајца, од кои ќе се изведат пилиња.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Да не ми донесе сматок, вели Доксим Тренчески, да не е јајцево ланско. - Како ланско, Доксиме, велам, сега е снесено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сум била и јас несилка, сиот овој грагор, сите овие наредени стомнина што спијат, сум ги износила и сум ги снесла.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе го снесам ко јајце и со кракање ќе се вратам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште неснесени им пукаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму го видов првото снесено јајце, првата заклана свиња и првото окозено јаре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа исчекување како да внесе промени во нив, како да започнаа да стануваат подруги; не се расправаа, не се караа како порано за секакви и секојдневни работи: кој кому му пресекол дрво во забранот, кој во чија ливада пуштил добиток да пасе, кој кому му направил штета во нивата, чија кокошка снесла јајца во туѓа плевна, или претала во вртот, та била заклана, кој кому на славите и свадбите му опцул мајка, го плукнал или удрил; кој во чија жена зрчел и ја задевал; кој кого го поткажал на џандарите дека ја пцуел власта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Поглед-Поглед, капка солза, снесе обично бело јајце. Уште едно, уште две... Ја пуштив. Не може да оди, преполна е.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И со денови чекаше да се врати птицата, да го побара. Да снесе нови јајциња, да испили пород. Чекаше, но таа не се врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ластовицата е твојата верба; досега непрестајно сомнежот ѝ додеваше, па таа никако на мир не можеше да ги снесе своите јајца; самодовербата ти беше преплашена – старецот му го појасни на Еразмо основниот принцип според кој нештата се разбираат на духовен начин.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Прво: Ако се вистински актери, би имале потреба, како што би рекол Гротовски: „Да снесат јајце, да ја испразнат или промовираат креативната моќ, онаа што не ги остава мирни ниту дење ниту ноќе“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)