снизок прид.

снизок (прид.)

Покрај ниви, покрај лаки покрај сниските брегови, вода тече - вода влече селски с'лзи, селски маки селски таги и јадови.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Беше снизок, со смачкан, одамна износен качкет и со шарена, очигледно за туѓ грб шиена кошула.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Излезе неколку чекора напред, застана со подрасчекорени нозе, ја крена главата издолжувајќи го вратот и бидејќи снизок, малечок, изгледа како петел на буниште.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Додека седеше тука, авторот здогледа отаде мостот тројца старци седнати на една дрвена греда поставена врз еден снизок камен подѕидок под еден огромен орев.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Влезот ѝ беше тесен и снизок, ископан во земјата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Четвороаголното претсобје беше наместено како дневна соба, со кауч, две фотељи, изразито гломазни и четворна, сниска, прилично просторна маса прекриена со наштиркано бело милје и една голема зелена стаклена чинија полна со домашни ситници за да ѝ бидат при рака на домаќинката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Снизок и бабачко, од неговите зелени очи зрачеше една необична топлина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)