соблазни (св.)

Кога виде кадијата дека со никакви бакшиши не може да ја соблазни, со сила не смееше, плашејќи се да не е маѓепсница и вештерка, какви што по тоа темно време ги имаше кај сите религии, реши да го измени режимот спрема Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Смислуваат приказни. Сакаат да нѐ соблазнат со своите убаво стокмени измислици.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Искачувајќи се Христос им рекол дека уште истата ноќ сите поради Него ќе се соблазнат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)