соблазнува несв.

соблазнува (несв.)

Не толку заради земјата, бидејќи таа не ги привлекуваше нивните апетити, зашто беше пуста пустелија – џунгла, ами да не ги соблазнуваат нивните чифчии по полето со таа нивна слобода со која секогаш и секаде се фалеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Можеби искрите на теоријата на единственото обединето поле се на дофат. Паралелите со апстракцијата соблазнуваат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Што морала таа? Морала да ги чува толкуте деца, да се грижи за сите мали и поголеми нешта, да го поправа расипаното, да го оздрави болното, а тој, Никола, се бавел божем со големи работи, го гледал светот “од точката од која и бог нѐ гледа нас“, што би рекол Симон, и од таа точка, се разбира, мислел дека му е дозволено да издржува и друга жена, љубовница Ерменка, па уште и паштерката да ја соблазнува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Познато ми е дека ваквите пикантерии посебно го соблазнуваат нивниот началник и пријател Грофот – ми шепотеше во увото Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)