сокаче ср.

сокаче (ср.)

(Пред Јордановата куќа. Напред улица, во дното сокаче. Долу вратниче, горе два прозорци.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се заплетка во криви и тесни сокачиња на циганскиот крај и забележа: сѐ е ноќе поинакво - и луѓе и куќи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И си велам, ако не свртам во ова сокаче, нешто ќе пропуштам. Ќе свртам – ништо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сврти лево, сврти десно, едно сокаче, друго сокаче. Си стигнал дома.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
По крајбрежјето се распростираат широки булевари, улици и плоштади кои, на височините на градот, се стеснуваат и се трансформираат во сокачиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш си помисли дека можат врзан да го отераат на ујќумат и му ја летна, по другото сокаче, од кај сааткулата, од кај бавчанџиите, по Дабничка Река и покрај Данова Воденица и назад по Пазарџиски Пат стаса назад во Потковицава, што се вели како од праќа фрлен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во едно сокаче, глутницата градски пси му го препречи патот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Зад аголот имаше едно сокаче.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Што е тоа сокаче? - праша Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И тргнале. На излезот од сокачето не внимавале и веднаш тука настрадале.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сеќавањето може да започне како бајка: некогаш, во еден град, на број шест на калдрмираното, слепо сокаче, зад свежо бојадисаната зелена, дрвена порта, во двокатна куќа окружена со расцутени дрвја, живееше мајсторот сајџија, почитуван од целата чаршија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Леле, не можам да се ослободам од онаа страшна глетка: се враќаме со татко му и на излезот од сокачето нашата кола. Колата - удрена и празна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Замижа. Одеднаш се најде во оној дел од родниот град, со темни калдрмени сокачиња, за кој толку често раскажуваше или го опишуваше во писмата до најблиските како магичен амбиент на своето детство.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Па тие не се возеле ниту сто метри: од дворот до излезот од сокачето.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Луѓето влегуваа и излегуваа од темните сводови на портите и лазеа во неверојатно множество по тесните сокачиња што се разгрануваа од двете страни - девојки во полн цут, со неумешно нацрвени усни и младичи кои ги задеваа девојките, и дебели расклатени жени кои покажуваа како ќе изгледаат девојките по десет години, и стари згрбавени суштества што се влечкаа на рамните стапала, и парталави босоноги деца кои си играа во баричките, а потоа, на лутите повици од мајките се разбегуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оставајќи впечаток како да исчезнува од постоење, тој дури додаде дека куќата има два влеза, едниот од нив преку задниот двор, кој излегува на едно споредно сокаче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или, ако не можеш да смислиш нешто поумно, тогаш, кога ќе тргнеш од горни двор, на првиот свиок во сокачето удри со автомобилот во ѕидот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Колоните полици се сокачиња специјализирани продавници полни со минувачи, а пред една таква турканица, мислам дека беше во „уличката“ со млечни производи, претпоставуваш – онаа со сите оние овошни јогурти, милк-шејкови, путери од кикиритки, мини нес-кафиња со сламка, млечни кремови, ете го Врапче.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Со баба ти Родна направивме куќа, трета на Прокопиеви во Куманово, ж`та, со убав двор, во едно сокаче близу старата куќа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе