сомилост ж.

сомилост (ж.)

Повторно ја чувствувам онаа топла поповска сомилост „ќе го земам ова дете под своја закрила“, од која, иако ме нервира, не можам да побегна: - Слободна ли си вечерва? - Можеби...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тогаш, на последниот премин од растроениот свет на јавето во безмерното царство на Хипнос, тоа чуствува како оздола, од топлата влажна поетова дланка надоаѓаат широки бранови сомилост и пријателска благодарност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Полицаецот: Убаво би изгледале! Ве предупредувам: дури и на издишување, не сметајте на сомилост од пандурите: пандурот е без милост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И затоа, кога се случи веќе она што му се случи никој не покажа ниту тровче сомилост.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа наеднаш ќе зажубореше но одвај чујно нејзината расчувствувана сомилост: „Можеби доаѓаше, мило, само за да ја погалам, но јас не знаев или не умеев тоа да го забележам?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш беше навистина изненаден од она што го слушна и што го виде, уплашен од сомнежот во сопственото срце и од сомилоста што ја почувствува кон Стефана, осамениот говорник пред фарисеите, кои нервозно си ги потскубнуваа брадите слушајќи го.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Лесна сенка на сомилост кон рибарот, наеднаш го измени и го смекна однесувањето на Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Надмоќните ја користат својата сигурна положба: делат сомилост или те дотолчуваат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Жолтоцрвени лисје кои паѓаат, ги газиш под нозете, нежно со сомилост, се плашиш веќе нема да ги има. До наредната есен.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)