сони несв.
сони св.
сон м.

сони (св.)

Седејки в хаос од мислите мачни во земјата очите беше ги впила, бидејќи сонила соништа мрачни: Потпорните греди од нивната куќа се ведат, паѓаат шумно во мракот.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со одвратност од себе сонот го оттурна она, мислите црни ги гони; но пак ја обградија мачните слики од сонот ноќеска што ѝ се сони. Штом шушнува нешто - смуртеното чело го крева сигурно синот ѝ ќе е!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
– „Море вистина така беше, бре синко Силјане, туку ова ти е кажано од некого, ја на сон ти се сонило а инаку не верувам да било“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дали, Радо, сон си сони, та од сон се ти исплаши, ели, Радо, црна чума прво либе ти удрила?“
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Молчи. И молчи велам, ти снебиден веќе за туѓи очи, молчи, над својата малечкост питома заспи и мисли лош сон си сонил, лош глас си чул, ти не си тој што може друг да си и да не се плаши.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И за големо чудење не го сонив Јона, туку некој непознат човек, непознат војник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој рече, а другите го подзедоа и го раширија реченото дека парите не ѝ се сониле на стрина Николица туку на Драганка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А не зашто нејзе ѝ се сониле пари на Латинска Црква, додаваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Божем на стрина Николица нивна ѝ се сонил еден сон дека на Градишка Вода, чекор десно од кладенецот, има закопано златници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Умирајќи без потпир под нозете, ни исплашен ни зачуден од настаните, без причина сонил гроздобер и црвени коњски поила.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Те сонив неубаво, ѝ велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Речиси секое утро ме расонуваше раскажувањето на некој сон што претходната ноќ го сониле или татко ми или мајка ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Никогаш никој во животот не бил толку сотиран да умира во страв од нешто што не видел и што не сонил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Средбата со осмокракиот волшебник ги надминуваше сите чуда што дотогаш сум ги доживеал или, најпосле, што сум ги сонел.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кој не може да поверува во ова, нека го потврди спротивното кога ќе сони поубав сон од мојов.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Пред години - колку одамна беше тоа? Мора да има седум години - беше сонил како оди низ една соба темна како гроб.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еве ги тие зборови на кои ден-денешен им се сеќавам: Спиј спокојно, чедо мое Во пазуви ми кротко сони, чедо мое Во душава мир си најди, чедо мое Во срцево куќа гради, чедо мое Во куќата дворои имај, чедо мое Во дворови цвеќе сади, чедо мое Спиј и нани, нани, нани, чедо мое.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Една ноќ, Невена сони силен сон: Голем ветар куќата нивна ја буткаше, се навали, а од другата страна Невена со баба ѝ Трајанка ја потпираа, па така ќе ја исправеа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
7. О иде иде слушате ли иде песната таа крупноока желба За мене иде во час ненаспан и за вас иде што спиете морни И пее пее со илјада гласои низ мракот пее за денот ви пее О мугро бела бели посестрими цветови млади во темнава мрака доаѓате ми дојдовте и сега рацете ми се куси да ве стасам И веќе јурам зборот да го најдам за да ја речам да ја изболам тагата на ноќите без сон и радоста што толку ви ја сонев
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Само оние што ќе се разбудат по премрежијава што ги живееме, само тие ќе знаат што токму сониле", заклучила таа видно растревожена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе