сосила прил.

сосила (прил.)

– „Арно сторил тој што ти го зел клопчето, ќерко, ѝ рекла, оти од узур ќе ми везеш црна кошула, сосила ќе ми се правиш ти вдовица; Силјан ни е на аџилак со дуовникот, а пак ти сосила сакаш да умре и да не дојде; гревота е, а ќерко, ова ти што го правиш; моли Бога за Господ да ни го донесе, не туку плачеш и жалиш.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Свесен дека е во првиот план на вниманието, син ѝ одеше по неа, ги покажуваше колениците со артистичен гест и сосила ги цедеше последните солзи од маченичките очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сивото небо сосила легнуваше под неговите клепки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А тие сосила сега ќе ги земат. Без цигански романси и хризантеми.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Не сосила, едепсаз, не!” ја крева раката Томор и го запира сејменот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ти имаш авторитет. Тој мора да излезе одовде. Ако треба и сосила. Ова е твоја куќа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ама јадеме сосила, се мачиме. Мораш! Атер за мртвите. Ако не јадеш ти и тие не ќе јадат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ е сосила покажано. Од немајкаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Очите ѝ беа пропаднати во длапките под веѓите и беше многу видливо дека сосила ѝ ги затворале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И веднаш ни објасни дека тоа дрво е јапонска криптомерија (за мене според игличките, мошне слична на еден вид смрека), дело на некој мртов но не и заборавен Накмура, одгледувач на бонсаи (замисли име на џинџести дрвја на кои сосила им е запрено растењето!) Оној Накамура, рече г.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стискајќи ги забите, човекот сосила ги запираше солзите на лутината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Апостол Макаровски ќе се поднагали сосила и некои црвени облачиња ќе почнат да му врват преку лицето, насадено со болка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ми тураат сосила, а јас ќе плачам и ќе повраќам. Тие пикај, а јас повраќај.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе нè обвинат дека сосила сме ја одвлекле и ќе кршат погача преку наш грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сите, некои сосила ѝ се тргале на дремката, чувствувале како да пуштаат од олтар на своја тврдина гулаб на надеж кон светлост пламната од нивната здруженост што раснела од сфаќањата и неслогите на она проклетство за кое им говорел можеби некој од умрените или загинатите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со крвта на животното ги испрскале воденичките камења, крв веќе да не се пролее од нивни орач и жнеач и скоро сосила довлекле однегде мијачки живописец, со секакви бои да ја забележи на внатрешните ѕидови историјата на покладарите, нивниот пат од Кукулино до Лесново и назад, со завршна сцена во која Онисифор Проказник ги подава исусовски пребелите раце кон куп воскреснати луѓе, од набожни причини со крилја и со голи бакрени стомаци под спокојно прекрстените раце, сите до еден, дури и малоумниот Јаков Иконописец, сликани според опишувањето на нивните мајки, жени или синови и секој над глава со напишано име.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во спротивна насока можеш сосила да ја движиш, ама ќе го расипеш часовникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Африканците кои сосила беа доведени овде и кои нè колонизираа со својата музика, со својата сензитивност и ритам.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Марија беше во очај. Се нервираше зошто сосила не влезе кај претседателот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На Петра ѝ се навираат очите, чиниш извор ќе џвркне, ама пред да потечат солзите ги покрива со прегачот и ги забришува, да не видат внучињата, како да е од некоја настинка, кивавица, и сосила кивнува неколку пати.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Повеќе