сослуша св.

сослуша (св.)

Нѐ сослуша, а потоа нѐ истера зборувајќи дека ќе нѐ казни.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога дојдоа утредента од власта да го сослушаат Бандо тој нишаше со главата: „Не знам што ми стана...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Господ пак нѐ заборави. Од никаде да ни се одѕвие, да ни ги сослуша молитвите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Предложи да се сослушаат сведоците. Сведоците кажаа што знаеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го сослушаа и попот, но тој само викаше: - Божја душичка, божја душичка беше Андро...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ги сослушаа и пријателите и роднините на Андро и дознаа дека Андро многу жалал и пекал што немале деца, што немале пород, наследник, продолжувач на лозата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Немав храброст. Да појдам сам. Ема, артистка, ме сослуша со оправдувачка насмевка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Вечерта ме сослушаа: — Зошто го скинавте весникот? — Затоа што лаже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој откако го сослуша, му рече дека се работи за опсесија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ама молам да ме сослушате за овие три работи:
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова го велам на почетоков за да те натерам најпрвин да ме сослушаш а потоа да се повикуваш на моите температури.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа, природно, прикаската се оддалечува од Утрото, од Еда Бранов од Струмица, но вреди да се сослуша до крај овој унер од човек: „А јас три години потоа на правина бев останат без работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој не само што ја има усовршено својата дарба внимателно да го сослуша секого со сенешто, макар и најздодевна будалаштина туку е и неверојатно љубопитен, дури и за работи коишто за ништо не можат да му послужат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тоа долго надмудрување ќе ги сослушам па дури и ќе ги прифатам сите нејзини непотполни дури и нејасни причини и притоа ќе останам мирен но отсутен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Останав со впечаток дека ме сослуша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како што тврдеше и самиот Раде, Крстиќ умеел да сослуша, имал разбирање за туѓите неволи, личел на човек кој знае што сака а и татко му на тој Крстиќ кој изградил многу палати во Белград бил човек од нашите краишта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зборовите и советите што ми ги упати Никола Леко откако ме сослуша беа премногу горчливи и останав со впечаток дека тој не се ни обидува да ја сфати мојата жална состојба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Иако симпозиумската сала беше речиси празна, професорот Седларски ги сослуша внимателно воведните објаснувања на претседавачот на сесијата а потоа, откако го остави своето сако’ на една од празните столици пријде до микрофонот и се заблагодари на дадената можност да претстави една од загрижувачките појави која досега не била предмет за сериозна расправа на ваков висок собир.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Па, Исак, види, јас ќе морам да излезам, имам некои други работи да завршам, имам состаноци еден куп, не можам глава да кренам, види ти што сака таа жена, сослушај ја, запиши, направи да изгледа како да ѝ даваш некој совет, не објаснувај премногу со што се занимаваме, не ѝ давај ниту некаков конечен одговор ... но, знаеш ти како треба, веќе сто пати си го правел истото... биди нежен, ајде, умееш ти со жените, знаеш како да ја сослушаш, знаеш како да ја погледнеш и таа веднаш да се окуражи...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Повеќе