сотвори св.

сотвори (св.)

Во блаженом успением вечниј покој подажд, господи, усопшују рабу твоеј Велика и сотвори еј вечнују памјат...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оти блажен е, среќен е оној кој ќе успее да ги спои светлината, бојата и музиката; блажен и среќен е оној што од папокот на жената љубена, од словото свое и од чашата вино ќе сотвори Едно, оти само тогаш ќе го најде, ќе го означи средето на светот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа секоја буква од чудното сочинение што го донесе Филозофот лелекаше, врескаше и плачеше, како жив човек да е; и силен мирис на месо печено почна да кади низ воздухот на шумата, и мирис на коски изгорени, чадот и мирисот незнабожечки, хула ужасна, мирис на месо човеково печено дур до небо се креваше; и одеднаш, сите дванаесетмина видовме глетка ужасна, страшна: тврдите слова на едно место во огнот се збраа, па се распоредија во костур човечки, и станаа коски; а меките гласови во месо се престорија и во огнот од сите букви се сотвори човек што гори; косата му гореше, телото му гореше, коските и месото му гореа, и тој врескаше, лелекаше, и се обидуваше да излезе од пламената стихија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оти Господ кога словото го пратил, за луѓе го сотворил, и водел сметка од луѓе да може прочитано да биде“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)