софра ж.

софра (ж.)

БОЖАНА: (Како смаена неволно ја поставува софрата за вечера. Бојазливо).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се одигрува во собата од првиот чин и при истата положба, со исклучок што софрата е дигната.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Сега, татко, веднаш! (Кине од низалките и им фрла на софрата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кога се крева завесата Митре е испружен на миндерот потпрен на една перница и задуман пуши, додека Мара ги прибира последните остатоци од голема софра на која вечерале жетварки. Време околу дваесет и три часот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Утре на една софра ќе седнеме, пак... лично би било да си поделиме. Вака де, својски да си се погодиме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да јадеш крадени отпадоци од туѓи софри и да се гордееш со тоа: смешно и тажно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Луѓето и жените се искрадоа од своите куќи како лилјаци, ги напуштија софрите и леглото и ме обиколија прашувајќи што ми е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Илко и Трајко се прибраа до софрата. Митра донесе и ваганка со пиперкитуршија, бардак со вода и седна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За умрените се дава на живи разни предмети и продукти да им се најде на тој век сереј — волната кога ќе се попари пушта жолта течност која се зика „сереј“ симсиле — род, потекло синдилија — кременисување од високо, паѓање, несреќен случај синдрак — синко (аугментатив од син) синија — софра, трпеза сињелко — господ кој се наоѓа на синото небо скипне — догорува оганот, скипнува сонцето, животот на човек кога умира скисна — ми се досади скопец — женски накит од сребро или бакар подресен со пари или трепки скорнам — разбудувам, дигам некого од место скубам — пасам трева слеа се — се стопи како восокот што се топи слог — нива слог сповојница — веселба по повод на новородено дете српјановец — рид над селото Витолишта сртам — висам, се врткам околу тебе срчка — види срдешница срџба — лутина ставам — се сретнав со тебе се ставив со некого, 2) Станувам од место старавински — од село Старавина стегната рака — скржав, стипца, циција стигна — роди, се породи жена стопанот — мажот, сопругот страк — парче борина странам (дрва) — редам дрва или друго нешто за товарење на добиток стрелушам — се потплашувам струнено — тканина или плетена врвца од козина суварија — турски жандар, коњаник сугарен —доцна, поназад.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трајко се забриша со полата од гуната и стана да ја донесе софрата, но Митра притрча и му ја зеде од раце: — Ииии, браче! Ами кој ќе чуе ка ќе рече! На Митра Сукалова деверите ѝ а клаваат синиата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја размислил работата и една вечер, редницата ја тргнала софрата по вечерата, а тој го извадил ќесето со тутун, го наполнил лулето и му го подал и на синот: „Нà, запали“ – му рекол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така е, на чесен збор: во малите градови осамените и тажните се кловнови за луѓето, за оние луѓе што строго го поделиле животот на печалба, сопружничка должност и спокојство крај полната софра. Во малите градови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Скржавата селска ракија од див плод мириса на тврда земја и носи таговност, празна тага, брзо пијанство. беа наведнати над селска софра, со запалени грла од посна чорба.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ајкули, постелете ги софрите, доаѓа храна, жилаво гусарско месо и дрвени нозе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Другиот ден, откако испива две чаши вино и ѝ наредува на жена си да ја крене софрата, остро, како да се лути, подвикнува: - Приготви му ги алиштата, Магдо!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо сега седи до татка си покрај софрата, чест која се прави само на заслужните и пораснатите луѓе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Среде софрата седна човек со убави мустаќи и долга густа црна брада. Тоа беше штипскиот учител Даме Груев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мајка му само воздивна, ја крена софрата, ја посла сиромашната рогозина и легнаа да спијат... ***
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога наседнале на софрата, новиот Турчин што ќе види?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Качамакот беше готов. Мајка му го истури на софрата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе