социологија ж.

социологија (ж.)

Социологија, научни студии, природа, општество, драпај си мевот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Класичната филологија и компаративната книжевност, лексичката статистика и етнографијата, социологијата на јазикот (на масата) на одредена класа, формалната реторика, поетиката, студиите за граматиката се комбинирани со цел да се разјасни актот на преведувањето и процесот на „меѓусебниот живот на јазиците“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Задачата на социологијата денес е да ја подрива извесноста, бидејќи секоја извесност ги исклучува другите опции.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како гледате на постоечката состојба на социологијата? Во својата доминантна форма, социологијата произлезе од лажното ветување дека таа би можела да им помогне на менаџерите на јавниот, економски и политички живот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Емпириската социологија со практични цели беше таа што ветуваше дека ќе ги разреши општествените конфликти, ќе ги спречи штрајковите, несигурноста и нередите, то ест ќе им помогне на луѓето и институциите да ги реализираат своите цели.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бароуз опишува сликовити пејсажи, детализирани социологии на имагинарни племиња, халуцинантни градови, научно-фантастични млазови на топла пареа од сребрена сперма исшприцана од Венеријанските трансвестити со платиниумска кожа... И така натаму.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
СОЦИОЛОГИЈА НА КВАНТНАТА ПСИХОЛОГИЈА Филозофијата што го предвиде ова движење не е капитализмот или социјализмот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ние, бившите Југословени ја измисливме социологијата на слободното време.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Мојата ебана диплома од социологија која со години фаќаше прашина во ќошот конечно најде примена.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Завршив социологија, а сеа сум социјален случај.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Само на Институтот за социологија постојат еден куп автори кои се толку многу величани , а се обично демагошко ѓубре.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Стрико ми Ото многу знаеше: немаше област за која не беше добро поткован: социологија, литература, музика, архитектура, за сѐ: и навистина: знаеше сѐ и сешто.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Затоа, жариштето на анализата нема да биде во социологијата на вкусот, во етнографијата на посебните сексуални заедници, во односите на конкретните публики на популарната култура, во дејствувањата на масовните медиуми, во општествената нееднаквост, во структурното насилство и во играта на моќта – што можеби ќе изненади некого, со оглед на тоа колку многу можат да придонесат тие подрачја на проучување кон разбирањето на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)