социјалист (м.)

41. Иако Мисирков не може да се рече дека бил социјалист по воспитанието, сепак неговиот метод на третирањето на историјата и современата положба на Македонија не е далеку од социјалистичката.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таков став имаа и германските и австриските социјалисти во тоа време – главно поради истите причини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И овде, кога зборува за социјализмот, тој ги има предвид пак само своите петербуршки колеги социјалисти што беа најблизу до руските социјалисти, кои пак, навистина, можеби поради позицијата на руската нација во руската држава, пројавуваа полн индиферентизам спрема националното прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Утредента началникот дополнително прочита: „Заедно со исклучените, како социјалист, се исклучува и јункерот Ѓорѓи Делчев.“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Да, Гоце. Скоро, кога го убија министерот Белчев, како социјалист го затворија и Дамета.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Затоа активистот е непријател на самотништвото и егоцентризмот, на солипсизмот и секташтвото; затоа активистот е социјалист...” (Хилер).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Постариот тип социјалист, кој беше обучуван да се бори против она што се нарекуваше „ класна привилегија“, заклучи дека тоа што не е наследно, не може да биде постојано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се обидов да фрлам искра во разговорот: Нашиот самоуправен систем беше идеал на водечките француски социјалисти!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Инаку, Шлатас беше атеист и социјалист по убедување, но ангажиран во националната влада исто како и комунистката Спирка, која мора да се признае дека имаше поголеми мадиња од цела новинарска фела заедно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)