списка св.

списка (св.)

Но тоа ја налути Стана па силно ја потргна мачката за опашот. - Мјау-у! - Мјау-у! - жално списка мачката се истргна од рацете на лошото девојче и побегна дури во соседниот двор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ама можам! – списка Зоки и го испружи својот црвен јазик. – Еве!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ѝ го чув и гласот на мајка ми, која списка за мене.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Целиот танец списка и се загаа кон Толета за да го одбрани од сигурната смрт, но Аќиф беше побрз од сите и замавна со јатаганот да го удри по теме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но откако ја излечи, таа пак не го оставаше да ја соголи, пред да му го издраска лицето со ноктите и пред да списка како да ја коле некој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Спискаа луѓето, ја триеја по лицето и вратот, не помагаше ништо.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Лошотилак еден, - спискав и ја „нокаутирав“ со еден лев кроше, оти сум левучар.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Што сторивте неранимајковци! - списка вештерката. Ние се дадовме во бег.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Рогле ќе спискаше, ќе се исплашеше и повеќе не ја удираше главата од ѕид.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Спискаа и еден преку друг спрашија надолу.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
СПИКА - На убавата ко слика спикерка во кревет ѝ се спикал еден спијач. Како е твојата спила, драга моја; пие ли нешто “, или има спирала!?“, ја прашал спијачот изненадената спикерка. „Пие спиритуално и мрази аспиранти!“ рекла спикерката. „Дишан“, рекол спијачот, „спиритус, спирала, аспирант...“ „Гринавеј“, рекла спикерката, „лошиот господин Спика и фината Џорџина...“ „Ете, сплискавме уште еден разговор“, рекол спијачот. „Без да спискам!“, рекла спикерката. Спијачот се насмеал и заспал.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Облите колкови твои се како веришки, дело од рацете на вешт уметник, папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови; двете твои гради – како две јаренца, близначиња на срна; вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој – Ливанска кула, свртена кон Дамаск; главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја како пурпур; цар се вплел во плетенките; Оти ти рекла: положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт; Оти: си ја зел за рака и таа те повела во вселената своја, во лозјето, во градините, меѓу кринови, меѓу двата нејзини колка, две веришки, две кули камени, во својата утроба, во купа пченица, па си ја познал буквата-девојка, и си го настанил семето свое во утробата нејзина ѓаволот што ја отворил за тебе, како порта што води во темен стан, во најтемна ноќ со јасни ѕвезди; Оти: си се разбудил одеднаш, пред полноќ, во прегратка на блудница жена, и си залелекал, си спискал, оти си видел дека буквата-девојка си стои негибната во клопчето од записот, невина сосем, недопрена од раката твоја страсна, и си сочинил, бргу-бргу препис на преписот; Оти: навистина си сочинил препис на преписот, со буквата девојка среде клопчето, и си ја нацртал уште поубава, и си отишол во западната одаја, и си сакал да ја оживееш, како Господ да си, оти само тој оживува и умртвува, подига и унижува; но ништо од тоа, оти буквата девојка, и сите други букви од умножението на преписот се сториле бројки, кога си го пречекорил прагот на одајата западна; Оти: си ме оставил мене, твое семе во таа утроба, и кога ме родила утробата на мајка ми, ти веќе не си бил жив, но братот мој, Лествичникот, знаел што бара новороденчето пред вратата на одајата на блудот и не ми кажал; Оти: се плашел од мене, оти од средето на писмото сум зачнат, од буква-девојка, оти сум Сказник и сказанија измислувам, и Мозаичник сум, оти скршеното го составувам; и се исплашил Лествичникот да не му го одземам првенството, па го сокрил родословието мое, да не знам кој сум и дека предодреден сум, како Сказник и Мозаичник светот на грб да го носам, на крстот мој!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А кога свртивме влево, толку сум спискала – мамо, мамо, што цело село, и машко и женско плачеле кога ме слушале мене. Тука не се сеќавам, за сѐ ми раскажуваше тетин ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Немој да ми мавташ со раката, мислиш ме плашиш! – му спискав јас. – Мислиш, ако си поголем и посилен од мене, треба пиперевка да ти играм, а?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А кога на сред искачување Лествичникот списка дека свеќата во рацете на Филозофот се изгаснала, јас речиси скокнав од радост: за мене не настана темнина, оти околу телото на Филозофот повторно сјаеше оној облак од виолетова светлина, и јас повторно гледав!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога стигнав во дворот, Надежда, првата комшика, вознемирена, ми се вдаде. „За малку“, списка, „ќе ти ја запалеа куќата!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеби жената спискала и тој ја слушнал. Или коларот го викнал!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го поттурна мракот престорен врата и шарките ја разгрнаа темнината, старицата - ноќ од одајчето штрбаво списка (си го покажа мракот единствениот бел заб печката плинска).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)