споменување ср.

споменување (ср.)

„Знаевме дека нашата програма за обука при користење дрога беше исто толку опасен колку и споменувањето на сексуалното воспитување на претходната генерација.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Само еднаш, кога два члена на Партијата, две жени, седеа стиснати една до друга на клупата, успеа да наслушне, сред вревата од гласови, неколку набрзина прошепотени збора; и посебно споменувањето на нешто што се викаше „ соба еден нула еден“, што тој не го разбра.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бев шокиран од споменувањето на името на улицата Хане, улицата каде што се наоѓа и денес истражниот затвор во кој и јас бев држен една ноќ, по она недоразбирање околу плаќањето на хотелската сметка, откога во Истанбул дојдов по собирот на писателите во Измир, за да ги земам парите испратени од татко ми преку Сити банк.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секогаш стравуваше од споменувањето на името во повисоките нивоа на власта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка не можеше да сфати каква опасност може да предизвика споменувањето на грофот Чано во семејство­то, триесет и пет години по неговата смрт, по исчезнувањето на фашизмот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Навистина се изненадив од ентузијазмот на Кристина при споменувањето на едно обично маче, но уште повеќе се изненадив кога таа наместо да истрча да ја гали мачката или да ја намами да дојде кај неа, почна да ѝ вика „пис! пис!“ за да ја избрка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во нив има повеќе од неколку стотици споменувања на Македонци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со споменувањето на оваа установа, која и во писмото на Јана беше споменувана како појдовна точка, Рада ги користеше последните атоми од својата сила и одвај успеваше да се одржи на столот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се ужаснуваше при самото споменување на зборот гроб, смрт, болест.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со самото споменување на богатство омекнуваше и тонот на Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)