спонтан (прид.)

Токму тука се потпира цврстата верба, која во оваа проза е спонтана и природна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од спонтан, непосреден импулс минува во огромен, болен, општочовечки копнеж кон топлина...“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како и да е, искуство од 10 фунти на нередовна база не е доволно за развивање 84 зависност, ниту за да биде толку лошо како во новелата на Вилијам Бароуз (William Burroughs) со симптоми како вознемиреност, тресење, потење, хипертензија, спонтани ејакулации, губење апетит, неконтролирани напади на дијареа, повремени грчеви на дебелото црево, итн., со постепено смирување од над пет до осум дена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова може да биде позитивно за нашата уметност, бидејќи овие емоции вклучуваат спонтани реакции на природниот свет, донесувајќи чувства кои сѐ уште не се избришани од светот на телевизиските екрани и од потрошувачката рекламна машинерија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова води во карактеристичен облик на уметност во којшто многу типови на стимулација се здружени поради стимулација, повторно будење или интензивирање на психоделичното доживување, за време на кое нормалните критички матрици на мислењето стануваат дезинтегрирани и поместени кон попримитивни и спонтани реакции, иако субјективно имаат карактер на естетско доживување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако се обидеме описите на спонтаните визии да ги споредиме со психоделичните доживувања, сличностите се бројни а разликите мали.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Света Тереза, Рама Кришна, Мајстер Ехарт, свети Јован Крстител и многу други ги опишаа ваквите значајни случувања, се разбира предизвикани со некоја друга метода, којашто вообичаено ја нарекуваме спонтана.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Низ цела Океанија утрово имаше незадржливи спонтани демонстрации, кога работниците излегоа од фабриките и од канцелариите и парадираа низ улиците со пароли што ја изразуваа нивната благодарност кон Големиот Брат за новиот, среќен живот што ни го подари неговото мудро раководство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Министерството вршеше некаква подредена функција за која не беше потребна интелигенција, но од друга страна беше водечка фигура во Комисијата за спортови и во сите други комисии задолжени за организирање заеднички походи, спонтани демонстрации, кампањи за штедење, и воопшто за доброволни акции.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Безброј пати на партиските собири и на спонтаните демонстрации таа викаше на сиот глас, барајќи смрт за луѓе чии имиња никогаш не ги беше чула и во чии наводни злосторства ни најмалку не веруваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еднаш само му замери, во еден спонтан разговор, во времето на шеесеттите години пред да заминат во Мелбурн.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тој спонтан порив да споделам, при таа егзалтација, бев го напишал и следното: „Ќе им докажам. Ќе видат тие кој е нивниот бог!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се покажало дека овој геноцид врз ерменското население не бил никаков спонтан чин, туку бил организиран од крвавиот султан.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Будалче, тебе те лажат!“, беше нејзиниот спонтан одговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие, задржани во првичниот, автентичен облик, со сосема мали, најнужни интервенции во по некоја песна, се стихови на мојата младост, како спонтан израз, згустен, на доживената болка, на помнењето на средбата со мртвиот Рацин и на првата возбуда од средбата со неговите стихови.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Во спојувањето на сонот и јавето во спонтана дремка на парче сунѓересто легло, заѕвони ново сознание за старата мачно изгаснувана желба - да се биде како другите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Јас ги поттикнувам да зборуваат за своите проблеми, преку слободни асоцијации, низ спонтан разговор, за да можам да стигнам подалеку од симптомите на нивната болест – до траумите од детството кои заедно со примарните нагони се закопани во нивното несвесно, и така да дојдам до вистинско разбирање на нивните болести и до излекување на пореметувањата кои се јавуваат кај нив во процесите на чувствувањето, мислењето и однесувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Онолку спонтано колку што е спонтана љубовта, вистинскиот двигател на сите човечки битија кои со љубов можат да изградат цел едн нов свет, но со спротивните чувства да го разорат.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)