спот (м.)

Во развиеното конкурентско окружување во современиот пазар само ретките и храбрите непромислено се обидуваат да емитуваат телевизиски или радио спот, да објават печатен оглас, да постават пропагандно пано на автопат, да лансираат нов дизајн на амбалажата - а претходно да не извршат тестирање на креативните решенија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа со испитаниците редовно се прават и тестовите на присеќавање и преференцијата на робната марка, што е идентично како кај ТВ спотовите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
После тоа се емитува и друга серија спотови во која повторно се наоѓа нашиот тест-спот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секој разговор за популарната визуелна уметност, барем онаа што не е филм или спот, денес се одвива на еден лизгав терен каде што се мешаат „реалните“ дискурзивни формации на популарното со посакуваните дискурзивни формации на популарното.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Денес на телевизија врие од имбецилни спотови, на разни бездарници, кои што се тука благодарение на спонзорите.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Следеа новите парламентарни избори па требаше да го режира новиот спот за неговата неокомунистичка партија со крупен капитал.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но добро. Не бев веќе пратеник ама барем ќе снимав нов спот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Ајде стануј да снимаме спот - беше гласот на Академикот кој штотуку купил нова камера.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се враќам назад, се вртам напред, погледнувам накај рефлекторот, светнал божем на снимање спот сум кинисала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дури имаше еден промотивен спот за регрутирање на нови членови на гардата, во којшто долгокосо момче влегува во регрутниот центар со искинати фармерки и црна маица, а излегува од другата врата во маскирна униформа и уредно истрижан на единица.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Само поради таа причина, односот кон женственоста што го поставува Марки во музичкиот спот прави односот на машката геј-култура кон женственоста да изгледа релативно едноставен и јасен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)