спречува несв.
спречување ср.

спречува (несв.)

13. Веројатно се мисли на Промеморијата на Русија и Австро-Унгарија од 15.9.1903 год. што била испратена не само до потписничките на Берлинскиот договор, туку и до турската и до бугарската влада, бидејќи последниве всушност го спречувале исполнувањето на Февруарските реформи, па дури се обвинувале дека придонесле за кревањето на Востанието во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
РИСТАЌИ: Пушти ме, мор, да ѝ го скинам гркланот! (повторно налетува на Антица, но Саветка го спречува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А штом некој ќе се обиде да ги покори, тие се дигаат со оружје в раце и спречуваат секакво исполнување на царските закони во тој крај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вклештена меѓу рабовите и железната рамка, таа го притискаше своето тешко тело во ѕидот и ја спречуваше светлината да продре во ќелијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Медот е лек за сите болести; нема болест што не ја лечи: тифус, офтика, дизентерија, гушоболје, малокрвност, болки на срцето, на џигерот, на жолчката, на бубрезите, нервни заболувања, настинка, ревматични заболувања; го регулира притисокот на крвта, помага при несвестица, слаб вид, астма, ја штити кожата од лишај, красти, првут, струпци, спречува труење, зарази, уништува бактерии.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се изумува дека точно тој фактор ја спречува високоселективната цензура на кортикалните центри, дека се појавуваат пореметувања на перцептивините настани, дека е тоа изменета свест на личноста дека е тоа негова деперсонализација и да се потсетиме само на кажувањата на Бодлер, Олдос Хаксли, Анри Мишо, да се потсетиме на Рембо, Аполинер, Горки.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тој е среќен затоа што знае дека веќе ништо не го спречува да го доврши нејзиниот портрет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За жал, ползата од овој систем минимум, така што би спречувала размена на игли, би давала истовремено би можела да го предизвика и неговиот најголем подобра и попристапна здравствена заштита на високоризичните недостаток
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
2. Од друга гледна точка, Будистите би рекле дека јазикот го спречува нашиот пристап до реалноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Карактерот на механизмот на часовникот, сам по себе го оддалечува фактот на изборот, проткајувајќи го со неутралност, но, во сраснувањето- судирот постои уште една компонента која го спречува секој структурен каприц и ја гарантира диференцијацијата, спецификацијата на редимејд-от, а тоа е индиферентноста. Се работи за авто-селекција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што спречува една етничка група да се прогласи за независна од друга без структурата на национална интеграција?
„Маргина бр. 21“ (1995)
Грчеше, се пенеше работејќи. Таа го спречуваше, секој пат, го одалечуваше, госпоѓата Мервин, секогаш толку грациозна, неуморна. Никогаш никаква грубост.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа едновремено го спречува субјектот да про­најде задоволство во обично парење.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој недостаток кој го означува зборувачкиот субјект засе­когаш го спречува субјектот во постигнувањето задоволство, исполнување на желбата - субјектот така е бесконечно потресуван со својата сопствена желба и желбата на другиот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Иако веројатно секоја намера да се биде „транспарентен“ во тековното работење има свои граници (пристојноста и достоинството, да речеме, особено кога станува збор за не баш сјајни услови за работа, за не кој знае колку дарежлива финансиска помош и за недоволно развиените културни потреби на средината во која живееме; што сѐ сепак не нѐ спречува во ова списание да се вложуваме себе­си), сепак ја бележиме оваа нотичка, делумно и како обврска кон нашиот долгогодишен спонзор, Сорос Фондацијата, чиишто правила и принципи (иако често недоследни, нејасни и без генерален концепт) имаат стремеж да чекорат кон чистите и етерични предели на тн. „транспарентност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Можеме да одиме во Германија и таму да го набавиме или во Лондон, Но нешто нѐ спречува да донесеме одлука.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Можете да го сфатите колебањето, кое како да надоаѓа и го спречува лицето да влезе во просторијата, бидејќи ходникот, како што е направен, дава речиси театарска глетка, и го нагласува чувството дека човек откако ќе влезе ќе остане упадлив спрема заднината.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Постмодерната изискува да им се застане на пат на процесите на униформирање, но во тоа настојување често ја спречуваат користејќи ги токму нејзините тенденции.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Дури и таа самата почна да размислува - дали таа нејзина бременост и неа не ја спречува да го напушти нивниот дом?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Значи: имаше нешто меѓу нас, но имаше и нешто помеѓу нас како пречка, нешто што ја спречуваше Луција да ми се предаде; не беше возможно таа млада девојка, за која и денес знам дека ме посакуваше, не беше возможно велам, да не биде со млад маж само затоа што има некакви обврски, кои сите ги имаме, секој ден.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК