спроведување ср.

спроведување (ср.)

3. Непосредно по Илинденското востание, на 2.10.1903 год., во австрискиот град Мирцштег Русија и Австро-Унгарија потпишаа нова спогодба за спроведување реформи во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа ги израдува селаните, но за кратко време, бидејќи по неколку дена се дозна дека Англија и Италија не се согласуваат да се менува Одлуката и дека Албанија незадоволна што се одолговлечува спроведувањето на Одлуката, започнала да трупа војски на границата за да ја заземе со сила зоната.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Најпосле, по брза постапка, беше донесен Законот за забрана на чување на козите, но сѐ уште не беше објавен во Службениот весник на државата за да почне неговото спроведување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ова ни сугерира дека на оваа конференција може да се соберат луѓе кои спроведувањето на терапијата го гледаат како разговорна активност; интерактивна, конструктивна активност: терапијата опишана како разговор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За мене тоа на одреден начин значеше практично спроведување во дело на некои поставки од Граматологијата во врска со книгата и линеарноста на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Целата новост што ја донесе сегашниот режим е еден спој на револуционерно и реакционерно чиешто насилно спроведување го врати средновековниот „теократски” човек на сцената на нашето нејако општество.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
О, колку често во текот на краткиот престој во Албанија, во нејзиниот измачен релјеф од драконското спроведување на погрешно пресадените идеи во развојот на земјата, иднината, запаѓав во резигнација и безизлез.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка остануваше верна на татковите одлуки, макар што најчесто таа ги доживуваше најголемите тешкотии во нивното спроведување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во тренд се новите медиуми, новите технологии, новите и побрзи методи на пренос на информации, демократизација на технолошкиот раскош, диверсификација на пристапите кон дигиталните мрежи, стандардизација на форматот на податоците, умножување на умрежените односи - во тренд е тие предности да го помагаат спроведувањето на новата ера обележана со поголема приватна слобода, зголемена интерперсонална комуникација, ублажен товар да се репрезентира, нови перспективи за проблемот на телото, како и поголем избор за потрошувачкото општество, можности за слободно изразување без исклучоци, а над сè, тие ни овозможуваат брзина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со тоа требало да се докаже дека властите дејствуваат решително и строго против револуционерите, но во исто време на Европа, којашто постојано вршела притисок за спроведување на реформи во Македонија, да ѝ се даде на знаење дека турското правосудство не се разликува многу по својата „демократска“ постапка од европските судови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Русија и Австро-Унгарија, со помош на другите големи сили, македонското прашање ќе го решавале преку спроведување на реформи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Авторите на Џумајската авантура, коишто дејствуваа од името на бугарската влада и бугарскиот дворец и кои што ја повторуваа 1895 година... и ги дадоа сите адути на турската влада, а потоа и на српската и на грчката, коишто секогаш гледале лакомо на Македонија, да мислат дека македонското население е просто орудие за спроведувањето на политиката на еден внатрешен државен актер и дека, следствено, треба да ги преземаат сите мерки за осуетување на неговите планови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во поранешните денови, при едно од спроведувањата кон собата на иследникот ми беше упатена, можеби и со добра намера, опомената дека секое барање од страна на службено лице кое не звучи и како заповед, или барем како закана, треба да се сфати за неприлично.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Македонија веднаш даде согласност за поддршка на Глобализацијата и спроведување на капитал- систем, при тоа сочувувајќи ги сите свои национални обележја, уште повеке од тоа успеа да ги истакне и покаже сите национални културни способности, докажувајки му на светот дека уметноста, црквите, природните галерии кои подзедно ја украсуваат, пештерите кои се своевидна атракција според староста и божјата дарба- сето тоа нема цена што некој може да ја плати!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Балканските држави преку Русија барале спроведување на реформи од страна на Османлиската Империја во корист на христијанското население кое се уште било под османлиска власт. Меѓутоа, нивните барања биле одбиени.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Велам, дека ќе го земемам в обзир само она што ќе ми биде од корист и кое ќе биде доволно разумно за спроведување.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Придобивките до кои дојде со донесувањето на овој закон се следните: отстранети се формалните пречки за воспоставување рамноправност меѓу жените и мажите, преку превенција и воведување услови за еднаков третман на жените и мажите; забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор и воведени се нормативни мерки од различни области за спречување на оваа дискриминација; се дава приоритет во случај на нееднакво учество на жените и мажите во телата на власт на сите нивоа; воведени се охрабрувачки мерки насочени кон елиминирање на нееднаквиот статус и се пропишани програмски мерки за подигање на свеста, како и за изработка и спроведување на акциони планови за поттикнување и унапредување на еднаквите можности.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2. Во серијата репресивни мерки, кои имаат тенденција да го обесхрабрат штрајкувањето, се и следниве: 55 а) наместо одредбата која предвидуваше дека штрајкувачкиот одбор е должен штрајкот да го најави најдоцна пет дена пред денот определен за негов почеток (чл. 3, ЗШ/91), сега се воведе една одолговлекувачка обврска која предвидува дека штрајкот не смее да започне пред завршување на постапката за помирување, согласно со овој закон и „акт на министерот надлежен за работите од областа на трудот“ (чл. 236, ЗРО/05); 38 б) работодавачот, односно здружението на работодавачите, може да бара од надлежниот суд овој да забрани организирање и спроведување на штрајк спротивно од одредбите на Законот, како и да бара надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон (чл. 242, ЗРО/05); в) воведени се посебни правила за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк:
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, наместо само врз работодавецот, со новиот Закон, е предвидено со ваква казна паралелно да се казни и одговорното лице кај работодавецот (чл. 227, ЗИ/05) – што, пак, се очекува да даде поочигледни резултати при ефективното спроведување на судските одлуки во сила, знаејќи дека тоа лице ќе биде и лично погодено со оваа негативна санкција, доколку на дело не ја спроведе судската пресуда која е во корист на работникот. 3) тенденциозно бришење на цел еден појаснувачки член, којшто го регулираше надомест на плата во случај на враќање на работникот: имено, во новиот ЗИ (2005) целосно е испуштен чл. 226 од стариот ЗИП (1997), којшто предвидуваше дека работник, кој поднел предлог да биде вратен на работа во правно лице, може да предложи судот да донесе решение со кое се определува дека правното лице е должно да му ги исплати, на име плата, месечните износи пристигнати од правосилноста на пресудата – додека не биде повторно вратен на работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
По предлогот за спроведување на ликви- дација, судот е должен да донесе решение за отворање на постапка за ликвидација – во рок од осум дена по приемот на предлогот, без одржување јавна расправа (чл. 113, ЗВ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе