спружи св.

спружи (св.)

Чудовиштето крена две пипалки, ги спружи накај нив и ... – Кои сте вие?... – згрме глас.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Одеднаш чудовиштето крена две пипалки, ги спружи накај нив и ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Далеку назад останаа нивите и оризиштата а пред нив се спружи темно–зелено поле, како бескрајна нива, прошарена тек–тук со понекоја ретка врба.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Горни крај, до самиот ѕид е спружена друга греда што се вика „горното било“. На неа седат чесните гости.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Богословот му подаде четири фотографии и ги спружи јаките нозе задоволно замижувајќи кон сонцето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе се спружам на студените плочи, ќе станам виножито на замрзнат смок.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се спружи во ладнината и во сеќавањето остана само белината на плочите, издолжениот врат на камилата и кротката влага во нејасните очи, палмата, трома и висока, а под неа камената зграда, исушена од врелиот здив на тропикот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога не можеше да направи ни еден чекор понатаму, кога се спружи, гушејќи се во својот здив, долу, на работ од шумата, со која се граничеше Белата Долина, и кога остана легнат, со лицето во снегот, можеше само уште да слуша и уште да продолжува да биде свесен за тоа пуфтање на стапките зад него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Продолжувала да стои увисната на неговиот врат, спружена по целата негова должина, а само очите почнале да ѝ поигруваат како икри масло над вода.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потем го отвори прозорецот и ја спружи дланката на којашто спокојно лежеа двете листенца.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Но ако се сретнат негде, во некоја пустина пуста кај што жед со глад се дружи, Давид ќе накостреши мустаќ и Голијат мртов ќе се спружи.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Не помрднувајќи се, не отворајќи ги очите, ја спружи раката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А од баџата ако нѐ виде свети Јован? — му се плачеше Митра на Толета во рацете кога веќе си лежеа спружени на постелката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Првин умреа Јанкуле и Богоја, од Ристевци. Двајца браќа беа. Се спружија и умреа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ни даде човекот, со снебивање ни даде. И зедовме, ги засукавме ракавите, му исправме и му ги спруживме алиштата да се сушат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои жени ме запираат, ме прашуваат нешто, ама јас не ги слушам. Им бегам. Се враќам да ги доспружам алиштата на драгот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја спружив колку што беше долга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чекорел во редот на дружината пред својата запрега, потоа легнал на двоколката, се спружил отпуштен и ја завлекол едната рака во сламата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И видовитиот Дмитар-Пејко, маѓосан од допирот на вториот Онисифор, најпрвин клекнал, потоа, без збор, како сето тоа уште порано да било предвидено или договорено, ги кренал рацете над глава и се спружил на грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе