сработи св.

сработи (св.)

Од благодарност, секогаш штом една минутка ќе немаше своја работа, ќе одеше кај некого од селаните да го праша дали нема да му сработи нешто.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе му сработи човекот и, се знае, пак нема да му плати данок.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Уште во детството, имаше малку луѓе во селото, што беа останати живи за да го паметуваат тоа, заминал Језекил првопратено на туѓина со некоја тајфа, сонувајќи и тој, како и сите други мажи во селото, со својата детска главичка, дека во тој свет, што пукнал пред него под пролетното небо, ќе изнајде и за себе нешто што ќе му биде доста за да го израдува и за да го прерани, дека ќе успее да сработи со своите вредни рачички за себе и за своите дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или, поинаку речено: „Тоа што можеш да го сработиш, да го завршиш сега, не одлагај го за после“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не треба тој да брза, вели едно време, треба добро да ја сработи работата, а не да брза.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Секако, Методија треба добро да ја сработи работата, велам јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ние Македонците умееме, ќе можеме да влеземе низ таа врата – ако треба со заби ќе ја отвориме, со остоумноста наша, така што рацете и нозете треба многу малце да сработат, како послушни извршители, активиртаниза целосно дејствување во овој меѓу – период.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Добивката од овој спор Вујошевиќ не ја гледа во исплатата на платите – бидејќи тие секако ѝ следуваат за сѐ она што го сработила тој период.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нив сработи ги преку ноќ, додека сите спијат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Олга Наумовска оваа книжевна работа си ја сработи, со сите тематски разнородности, со сите поетски регулативи, со сите верувања дека ќе се всели во очите и душата на читачот за кој и е наменета оваа мошне интересна поетска стихозбирка, неверојатно искрено, со јасни слики на вистината, онака како што кажува погледот, како што зборува срцето и како што реагира душата.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)