срдито прил.
срдитост ж.

срдито (прил.)

Сијалицата го покажуваше својот ребрест костур и срдито, предавнички му го осветлуваше измореното, бледо и збунето лице.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Слушајте што ви велам, одговори тој некако срдито и ја пикна раката во вратничето на кафезот, бркајќи и алајќи меѓу мноштвото петли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)