средишен прид.

средишен (прид.)

Пред да стапи во партијата, брат ми требаше да замине на една сојузна младинска доброволна работна акција за изградбата на една разорена пруга во една од средишните републики во земјата, потем во изградбата на автопатот Братство-единство, којшто треба да ја поврзе земјата со Европа и Азија, па во изградбата на едно вештачко езеро во својата република, со сушење на мочуришта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаше и други жални трагични случаи од средишната, најизмешаната република. Случаите од црни поцрни, незамисливи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во средишната република, која се смета за најмешана, и верски и етнички, пресметката со козите и козарите била најжестока.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Надворешната рамка може да функционира како највнатрешен елемент на делото, виткајќи се навнатре; и обратно, она што делува како највнатрешен или средишен аспект на делото, таа улога ја стекнува со помош на оние нешта што го извиткуваат вон делото и крај него.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Средишната точка на човечката (јазична) тежа, на човечката (јазичка) гравитација, лежи во разборитоста.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Се обидуваше да најде, во неговиот пример, конечни аргументи за својата теза дека, во овој средишен град на Балканот, низ кој минувале и запирале императори, се спротивставувале цивилизаторски, верски, идеолошки доктрини, сепак, во крајна линија, се напластиле и силни наноси на толерантност и на човечност кои остануваат кај одделни избраници.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Многу асални, здрави се исфрлени надвор, многу зарибани, зарѓани се оставаат да шетаат по средишната линија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК