средношколски прид.

средношколски (прид.)

Ја водев гимназиската библиотека, а како секретар на четвртиот средношколски актив успеав да го добиеме преодното знаме на младината на селото од рацете на Ѓорги Кироваков.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Поради некаков состанок во гимназијата за избор на раководство на четвртиот средношколски младински актив ( ме избраа и мене во раководството) и поради некаква проба не сум имал многу време за со него, ама сепак е запишано И тогаш кога јадев Ичо раскажа како го презеле Воден.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Учениците од основните училишта и средношколскиот центар во Неготино успешно ја изведоа еколошката акција „Младите за здрава природна средина“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во нив, главно, најмасовно учество зеле студентите од Универзитетот и средношколската младина што била изведена на улиците да демонстрира во име на Кралот и на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Просто речено, на публиката која ја сочинуваат децата, средношколската и студентската младина, и се оневозможува лектирските обврски, колку толку, да си ги исполнат гледајќи театарски претстави.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Да сум јас одговорна за салата не би им дозволила на тие средношколски заводнички ниту да се доближат, а не да влезат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се виде себеси со црни плетенки, како со баба ѝ игра петкаменца пред амбарот во селото, ќошето каде што се слеваа звуците од двете џамии, се сети на првиот украден поглед на Томо во соколааната, на средношколската матурска забава и себе како кралица на вечерта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За него таа беше онаа истата негова Срцка од средношколските и студентските денови, во која се заљуби на прв поглед и не се одљуби до овој миг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)