средно (прил.)

Кон нив се придодава и трета – оти Македонците се нешто средно меѓу Србите и Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
21. Приврзаниците на таа теорија пак се подразделуваат: 1. на коишто кажуваат оти тоа средно е еднакво далеку и од Србите и од Бугарите; 2. оти тоа е поблиско до Србите; 3. оти е поблиско до Бугарите; 4. оти дел е поблиско до Бугарите, дел – до Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Пак, ела ми, ела ми, пак, овде, вадика ќе те права пак. — Дедот Стале не можеше да го изговара тврдото „л“ и говореше нешто средно од „в“ и „л“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се очекува средно производство и на околу 4.000 килограми пиперки од еден декар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Средно високи авлии од камен и во секој двор – лозница и бунар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)