средовечен прид.

средовечен (прид.)

И тоа не е сѐ. Пред коњот се ниша и четвртата судбина, господар на другите три судбини: средовечен човек со долг стап в раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Почука на дрвената порта. Излезе средовечен човек со црни мустачиња.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ќе излезе средовечен човек, со мустачиња и ти ќе му речеш: „Чичко Тале, ме пратија Горјан и Огнен да ти ги донесам дрвава.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се поздрави скоро со сите, пријателски, како со свои луѓе и не забележи дека еден средовечен човек во нови алишта необично го погледна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во кафеаната влезе средовечен маж. Облечен како мускетар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На лионската станица во Париз, со експресот, во втора класа, допатувала една средновечна жена од Заечар, со едно тригодишно машко дете.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Хорацио Цвикало, средовечниот актер, за кого дилемата „да се биде или да не се биде“ е постојано провокативна, било да се работи за Шекспиров монолог на театарската премиера или за „приказна од животот“, која ја реанимира над кафеанската маса, заклучува: - И што велиш, мил мој?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Камерата фокусира средовечен, белокос човек, кој застанат на камениот мост, си пали цигара.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Овие два импулси ѝ отворија пат на онаа средовечна смиреност со која сега умислувам дека сум достигнал едно ниво на јаснотија во однос на себе како млад писател, каков што во тоа време бев.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Еден од пациентите во одделението беше слабичок средовечен маж, со жена и семејство, кој беше, мислам, службеник.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сепак кога дојде некој средовечен човек, го забележа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не е важно која беше процедурата на нашето враќање и враќањето на нашата кола (љубезниот британски моторциклист до автопатот; уште пољубезното арапско семејство кое излегло да се повози последниот ден од рамазанот, до Тангер со еден пар средовечни јенки туристи; следниот ден, љубезниот возач од агенцијата за изнајмување коли кој доби добра напојница и, се разбира, имаше дупликат од клучевите; сигурниот чувар на плажата, кој со болно достоинство му објасни на возачот дека мојата напојница од осум дирхеми не е соодветна на тоа што тој „цела ноќ” го чувал нашето сега веќе отклучано комби, но дека уште два дирхеми ќе ја суредат работата); поентата на оваа анегдота со загубениот клуч, на која во меѓувреме едвај и да помислив, сѐ додека оваа дигресија со која купувам време не ја врати, е што...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Една средовечна жена можеби Еврејка седеше во чамецот со мало дете од околу три години во рацете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека стоеше и посматраше, на Винстон му падна на ум дека старецот, кој мораше да има најмалку осумдесет години, веќе бил средновечен човек во времето на Револуцијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навистина не ѝ беше лошо: се здоби со покомотна живеачка а згора на сето тоа стана и генералица, и тоа не некаква си генералица, туку вистинска, бидејќи, како што веќе реков, Ролан Јаковлевич, иако веќе средовечен, по својата претставителност повеќе личеше на генерал од многумина други познати војсководачи, па дури и од оној српски генерал Ковачевиќ, кого во дваесетата или таму некаде, го убија некои поединци, уверени дека со неговата смрт ќе му ја приближат на народот барем малку слободата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Додека Едо беше на стражарското место на кое имаше скратено време од еден час, милиционерите уште еднаш излегоа и изведоа уште еден човек, сега некој средовечен маж со кече на главата и го однесоа, исто така во училиштето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Издолженото, мазно лице со правилни црти на средовечен маж гледа во нас со малку замаглен поглед.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Едо Бранов од Битола Битола веќе не беше Битола што авторот ја знаеше од времето на своите ученички денови кога тој живееше во Чифте-фурне каде што младоста му ја користеше една средовечна госпоѓа што не поднесуваше да спие во ист кревет со својот сопруг и кога градот имаше само нешто повеќе од триесет илјади жители.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога авторот ги препрочита редовите што се однесуваат на неговата средовечна помама, кога увиде колку се исцедени од романтично видување на една жена, си рече, Старееш, старееш, авторе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе