срнче ср.

срнче (ср.)

Се почувствува слободен, одврзан, без нарилник, без самар пашито добитче, ждребе, јаре, теле. Не, не, нешто уште послободно: срнче, еленче, сокле кое не знае за никакво ропство ни ограничување; кое никој не може да го задржи кај што ќе сака да оди, по земја или по небо, преку планини, преку реки и мориња, на крајот на земјата и кога сака пак да си се врати во седелцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И за сето време, додека ја посегнуваше својата рака, сега веќе потклекнат, за сето време, додека ја приближуваше својата дланка до онаа кревко, подисплашено срнче притерано до ѕидот, мислеше само на тоа колку му е близок ножот, мачејќи се постојано да го има ножот во својот дофат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Срнчето, не забележувајќи ја неговата будност продолжуваше да се пресега по една сламка од сеното и потоа долго ја поземаше со својата уста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше, притиснато до ѕидот, непомрднато, исправено и тенконого, едно растрперено ливотче, едно срнче - јаренце, по чие што тело без прекин прострујуваше по една таква морница, од која трепереше секоја косминка од крзното на ова слабичко суштество, кое како да имаше џвакано меѓу острите заби волчта ноќ надвор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Срнчето беше мртво. Главата му беше опуштена, олабавена, а очите широко отворени и замрзнати.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ги оставив крај срнчето, а јас ги повлеков нозете угоре низ сувите букови лисја...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Срнчето уште дишеше. Очите уморно му гледаа некаде преку мене и гаснеа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)