сродност ж.

сродност (ж.)

А биохемиските експерименти на имунолошките реакции како и анализата на низовите на аминокиселините кај животните - јасно докажуваат дека најблиска сродност човекот има со шимпанзото и горилото од кои пред четири милиони години се разделиле и тргнале по свои патишта на развој.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но, кога тој се појавува, беспомошен млад човек, облеан со солзи и со болникаво бледило, наспроти сиот бесен врисок на мнозинството околу мене, во себе чувствувам некоја нејасна сродност со него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И со тој непостојан допир меѓу него, патријархот на Европа, и тој кинески роман, со тоа чудно чувство на сродност што го проникнало, со таа врска исткаена наспроти сите разлики, повторно се откри способноста на духот да се прелие преку границите на општеството и историјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поради духовна сродност кон групата „Мост” 1906 се приклучува Емил Нолде, син на фризиски селанец, кој со 39 години бил значително постар од другите, но останал член само година и пол. 80 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Го повтори синоќешното прашање на Кате, по линија на женска љубопитност ако не по интуиција на телепатска сродност.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие не можеа да се сложат со тврдењата дека османската култура некогаш била, а потоа ја снемало од Балканот, бидејќи нејзините битни белези не предизвикуваат исклучивост, туку сродност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие создаваат еротско разочарување, иако овозможуваат и пријателство, наклонетост, сродност, соучесништво и солидарност.236 Така, маж што ви ја буди желбата отпрвин ви изгледа како чист архетип, отелотворение на мажествената еротска вредност поради која е привлечен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)