срча ж.

срча (ж.)

Низ малиот прозорец се наѕираат по небото студени парчиња срчи, - Благоја лежи неподвижно и мисли за животот на простиот човек за кого коњот значи колку и судбата на неговата челад.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Зад онаа голема планина, еј - уште подалеку, живеат гуштери големи како црквава. Очите им се од срчи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги склопив очите. И пред да потонам в сон, знаев дека на челото ќе ми остане длабок белег од срча на скршената ламба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А ако му ги изнесам на дланка ситните срчи на својот сон?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Виде уште еден убиен - црн, клунест со закопани нокти во килимот прошаран необично со црвени капки и ситни срчи на очила.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гали и сече неговиот поглед, како срча остра и силна како надробената синевина на ова далечно небо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Забриши ги, - рече - и срчата се изгребала, та ни бришење помага, ни ништо.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И чува господ: не ми влезе ни трн, ни срча, ни шајка во стапалото. Не се боцнав, не се пресеков.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утрото се прпелкаше во острите срчи на ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кејтеновиот син, кога ме виде, сиот се згрчи, како да згазил на срча со боса нога.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Набрзо потоа се случи и она, претепувањто на луѓето од началството, кога мајорот Загориќ и неговите катили со ножици им ги сечеа меса од мускулите на мажите и со скршени срчи им ги гребеа писките на нозете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Постела. Сѐ е срча и смет, ми мириса на ракија и анасон.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми ја растураат главата, ми ѕвонат ушите, се кршат некои срчи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете го еден ,Бритиш", грми над мене, ко срча го крши небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Камбаната бие, удира по три пати со долги паузи, гласот броди над селото, бега на сите страни, тони во срчата на небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во рамката се држат уште неколку парченца испукано стакло. Долу на подот - куп срча.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Утрото свежо, калдрмата измиена, црната прав што тука се таложи од оџакот на фабриката за конзерви ја нема ни покрај големите и долги бели камења што ја делат калдрмата од другиот простор, а сонцето веќе убаво отскокнато во сината срча на небото го ослабнал топлиот здив и тие убаво се чувствуваат додека ја совладуваат Ѓуро Ѓоновиќ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Малечката Пелагија сериозно чекори меѓу нив двете, ама дека срценцето ѝ е полно со радост кажуваат нејзините очи исти како сината срча на небото кои ту се лепат на одвај видливата насмевка на мајка Перса, ту на сериозното лице на мајка ѝ која како да води некој безгласен разговор во себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога ќе излезеше во чаршијата, ако ќајата на занаетчиите не го отпоздравеше, тој помислуваше на пизмата од Тодора, која ете, го следи и надвор од дома и му го поросува патот со остри срчи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе