срчен (прид.)

А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мразот во коритото немаше ни трага од својата срчена цврстина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Многу срчен човек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исхак бег, како што си беше срчен и умен, си натрупа не само богатство, туку и подигна во своја слава колку верски градби, толку и неверски.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Поминуваше деврието кон Серава, го поздравуваше по некој забрзан минувач со „акшам аиролсун“, а врелата летна калдрма тлееше како огинот што догорувал со коските на оној срчен кратовец.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)