станица ж.

станица (ж.)

По планот на Беличот – отсега така ќе го викаме светлокосиот – со возот требаше да се префрлат до последната станица, а од таму со камион или некоја кола да продолжат до бригадните логори.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Белич бргу протна глава низ прозорец: далеку уште во темнината некаде, трепкаше мижлива светлина, која жто стануваше сѐ поголема, поблиска. Станица! Спасени се!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Ај беља!“ — си мислеше тој, терајќи ја малата Сукалова маска преку Жиово и Врпско, која беше реквизирана да ги пренесе багажите на општинската управа до најблиоката станица Тројаци.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Тажно е во ноќта да бидеш сам со птиците, да чекаш со нив сам в некоја пуста станица, и додека некој се лула низ улиците да мислиш дека ти си, ти си тој пијаница.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Штом ќе излезам од станицата, зад мене останува темноцрвена тулана. Ме пречекуваат ред тополи и згрчени куќи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа сега минуваме како крај зафрлена станица оти место рацете ни мавта една голема црнина тага од студен мразулец што виснал од балконот и балансира укочена пред црната вистина на сонот.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Утредента еден младич со пакет в раце се обиде да влезе во телеграфската станица. Стражарот го запре.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во купето од втората класа, од учтивост или плашливост, тој податливо ги потврдува здодевните зборови на сребренокосиот човек кој патува до некоја блиска станица и кој при слегувањето не заборави да си го каже името: Етхем-паша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа беа и нивните црвени знамиња, што се ширеа и виореја на ветерот од таа пролет, и џандарите, што секогаш ќе го однесеа оној, што зборуваше, пред себе, кон џандармериската станица зад неколку улички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги повикаа преку здружната разгласна станица во управата на Задругата, нив двајца, него и Дука, а гласот на задружниот курир се изгуби тупо меѓу куќите, приклекнати под тешкиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа отиде кај шефот на станицата и му го предаде магарето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
До станицата има уште доста.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На станицата немаше многу патници.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Цане многу нешто сака, но од сѐ најмногу му се допаѓа оној автобус што често стои на автобуската станица, пред киното.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Митра пак се прекрсти и влезе во пајтонот, кој довечерта ги донесе на велешката станица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митра ја зеде сакмата, Толе торбите, се замешаа во народот и излегоа на плоштадот пред станицата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На поголемите станици се чека подолго: се вадат мртвите од вагоните, се внесуваат нови ранети; сламата од мртвите се вади и се гори.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Прозорците на станицата се тресат, се рони варта од ѕидовите, од таванот и ти се полнат ноздрите со прав.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со скопските градежници Кога влегував во франкфуртската станица, погледот ми се задржа на една извонредно висока зграда, која забележливо се извишуваше.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Улицата откај станицата е преправена, сета е асфалтирана и претворена во широк булевар, се протега во недоглед и таа е главната артерија преку која овој град се поврзува со Југославија и Европа, како и со Атина, и со патиштата кои Грција ја врзуваат со Софија и Истанбул.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК