стена ж.

стена (ж.)

Зборовите параа срце на тие што таму собрани беа, а само утехата стои пред кутрата мајка ко стена, болката неа ја скрши.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но ако во историјата на културниот развиток на еден народ има два периода, меѓу коишто има еден како трети, но којшто е период на застој и е како непреодна стена меѓу нив, – тогаш во новиот период на развитокот на националното самосознание имаме преродба на народниот дух, коешто станува вистина врз стара основа, но во него влегуваат многу нови начела, во согласност со духот на времето и со специјалните потреби на народниот живот и неговите пројави. 160Таа преродба се одбележува и во книжевниот јазик и правописот: како едниот така и другиот се горе-долу слободни од некои традиции што не се согласни со современата состојба на разговорниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
160. Мисирковата поделба на нашиот литературноисториски развиток на три периода не е без основа, особено ако се има предвид целта и времето на периодизацијата: првиот период го претставува времето до појавата на националистичките пропаганди во Македонија и до задушувањето на употребата на старословенскиот како литературен јазик; вториот – времето на националистичките пропаганди (до појавата на книгава, 1903), кога се воведуваат туѓите јазици во Македонија како литературни, период што е како „непреодна стена” помеѓу претходниот и новиот што тој го очекуваше со реформирањето на Македонија и со воведувањето на македонскиот јазик како литературен за сите Македонци, изграден врз основа на резултатите од развитокот на современите народни говори, коешто го смета како трет период што го наречува „преродба”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Двајцата Митреви другари го налегнаа едниот Гана, а Митре се одвалка со другиот низ стрмната клисура, преграбени преку гради еден со друг, и така како трупје удрија во една стена и застанаа Бугаринот здола, Србинот врз него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука, крај него, во неговата близина, имаше уште некого, тој просто го сети неговиот здив и неговата зачекореност, еден ужасен впечаток за нечие непожелно присуство, сè додека не беше во состојба да ги вкопа петиците во двете вдлабнатинки, што успеа да ги направи за тоа во тврдиот снег, и добро да погледне нагоре, кон стените, до кои не успеа да допојде во ранината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
7. Во еден од жешките јулски денови, кога веќе сонцето беше на средината од својот пат, седеа во карпите над патот на Скала двајца луѓе под една наддадена стена во сенката и цврсто ги стискаа берданките, бришејќи си ја потта од набрчканите чела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многу старци и старици се пренесоа во далечното минато и почнаа да тврдат дека овој ќе биде Крали Марко, кој преспал петстотини години во некоја пештера по Мариово, каде, кога влегол ја закачил сабјата во стената, која сега сама паднала, го разбудила и му рекла дека дојде времето кога треба да му одмазди на Турците за нивните зулуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие нам нишчо не можат да ни прават во стената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За прв пат речиси со голи раце и со малку машини пробиени се тунели, премо­стени ридови, совладани планини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како блесок ми поминува дека и јас се фрлав од горната стена и излегував на долниот крај од вирот каде што кога се исправувавме водата остануваше под колената.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од мене ќе остане само писанието изрежано на големата стена од левата страна на пештерата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На тоа сам си одговарал: - Не веројатно, туку сигурно во далечината имало длабоки пештери долови- резонатори, стени вибратори.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога наближив кон една долина криена меѓу плодови од лимони, грозје, портокали и смокви, кога го здогледав морето и кога застанав на брегот, почуден си реков: „Господе, како да сум бил тука, како да сум живеел тука на овој брег, до оваа стена и пештерата издлабена во неа, до манастирот и кипарисите извишени крај него, до параклисот од левата страна, полеан со молитвите на калуѓерите кои со запалени свеќи влегуваа и излегуваа од него, помазан од звукот на камбаната и клепалата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Детето и есента, ги протуркавме некако, ама зимата: кога легна тој снегот, дебел како стена.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Човекот како сенка во ноќта бара друг човек сенка, мермерно лице, одраз на месечина врз бели стени, а без месечината небото осамнува, умира сонот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Немам сила, немам храброст а знаеш љубовта е нема а јас ко чедо на амор се претворив во дух... ќе изградам куќа од зборови и во неа би те затворила со клучот на моето срце би те чувала да бидеш мое гнездо во кое слетува мала птица да бидеш мој дом со отворена мускулна врата за срцето на малата птица лекокрила, многу нежна да бидеш свежо утро но тиха вечер... светилка што искри во мракот во мојата коса, една надеж, небиднина една среќа во ѕидините на срцето што се руши ко стена да бидеш последна љубов дојди, не оди си, дојди!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)