столетие ср.

столетие (ср.)

До крајот на првата 1/4 на XIX столетие се ослободија од Турците сите балкански земји, освен Бугарија, Тракија, Македонија, Босна и Херцеговина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Словените добро се утврдија на целиот Полуостров, а особено во Македонија, каде што образуваа уште во VI столетие140 силна држава, против која Византијците упатија силна војска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога таа „самостојна” и „национална” политика е орудие на непријателите на Русија, против интересите на последната на Балканскиот Полуостров, можат ли да бараат тие бугарски политиканти од руската влада да биде таа совршено безучесна во настаните на Балканскиот Полуостров кога тој Полуостров бил грижата на Русија цело столетие и повеќе?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом огрее ден ќе ме втаса крај мирната река: „Поведи ме во Boulogne i Vincennes, столетија јас тебе те чекам."
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И кај ќе капнеше – гореше земјата. И едно столетие будеше друго и друго по нив се будеше молејќи: Ах, каде си ти сега што управуваш со ѕвездите и под нив утре што ќе се поткреваш.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Оваа патека сега треба да сврти лево И да почне да се искачува Во далечните столетија на детството.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Во истата година, по неколку месеци откако Његош ја создава првата печатница во Црна Гора (четири столетија и две децении по отпечатувањето на Гутенберговата Библија), Џемс Гордон ја изненадува Америка со дневниот весник New York Tribune, големиот врсник на непознатите Новине хорватске на Људевит Гај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според нивното мислење, само од себе се подразбира дека поединците, низ јазикот односно наследството, произлегуваат од својата нација а не обратно, како што беа прогласиле опасните софисти од претходното столетие.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се сомневам дека такво нешто може да се случи во срцето на Европа, на прагот на 21. столетие - вели мојот shrink со глас на школска учителка. - Прејдете на проблемот - вели строго.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие, старите луѓе, се мртви веќе двеста столетија, но го оставија овој град за да поздрави и да ве дочека.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не само што не постои човек за сите времиња и сите земји туку на секој историски период и на секоја нација на куглата земјина ѝ одговара специфичен тип на човечка природа: Сократ бил Атињанин од петото столетие пред Христ, Библијата е поетски - настанат поради таков след на околности - израз од еврејската душа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа го навестува на дистанца од неколку столетија; треба да се смета токму врз таа скала, вардејќи се од тоа да се занемари квалитетот на едно мошне разнородно историско траење: неговото забрзување и неговата квалитативна смисла се такви што е можно, исто така, да се излажеме дека мудро проценуваме следејќи ги минатите ритми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Образованието“ на минатото столетие својата „империјална“ склоност кон корисното судбоносно ја држела за претпоставка на класичноста како таква.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Овој контекст и развиената субјективност се вистинскиот темел на нашиот нов идентитет, кој јасно се обликуваше (исто така во форма на нови општествени, политички и културни инфраструктури) во последните десетлетија на ова столетие.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На ќерките на таа граѓанска самосвест, значи на законските ќерки на граѓанската, а со тоа и женска еманципација на ова наше столетие, на жените ослободени од стегите на патријархалниот морал и обврските спрема нацијата односно државата, но со самото тоа меѓутоа повеќе свесни за социјалното и политичко значење на својот пол, на таквите жени нешто такво какво што е Херцеговецот од вицот никако не може да им се случи. 28 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Лошо е да се биде во таква состојба, застрашувачки; но бесмислено е поради тоа сентиментално да се ламентира, тоа тогаш би била чевларска фраза; треба да се каже дека би требало да се биде пливач ако човек се осмели да тргне надвор од таквиот оркан на времето, или, ако човек е невротичен, треба да се тргне кон некое идилично столетие...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во текот на изминатите столетија нагласката беше врз нашиот свесен систем за обработка на податоци - рационалноста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе