стратегија ж.

стратегија (ж.)

Невешта стратегија, ништо повеќе. Знам, колку и да се сигурни во методите: со нешто го трујат воздухот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Срцето најмногу открива, тоа не знае за стратегија, си мислам, тоа е предавник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знае Јон - нема трте мрте кај Мирковиќ. Кажано е еднаш, стратегија е тоа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се драскам на трње и на камења, ама не велам ни оф, ни леле. Стратегија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Невешта стратегија, ништо повеќе. Знам, Колку и да се сигурни во методите: со нешто го трујат воздухот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Избираме тактики, стратегии, тераме на вежби, на обуки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чанга продолжи: – Секоја република имала своја стратегија за уништување на козите, разработена врз основа на генералната директива на Федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По нив стигнале Византијците. Уште повеќе ја усовршиле римската стратегија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Настапиле на Балканот со стратегијата: раздели па владеј!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во понатамошниот тек на ‘Медитации’-те (самиот наслов на текстот сугерира текстуалната стратегија да се прикаже како паралела на модификациите кои авторот ги доживува - речениците како реални акти) Декарт го внесува опозициониот термин- поим RES COGITANS.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Касетирањето и обележувањето на наративниот тек и во овој случај е една од режисеровите непрекинати стратегии на броење или врамување (на пример, изработката на 12 цртежи во филмот „Уговорот на Цртачот“).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со ставањето на уживателите под лекарска контрола, слоеви на населението , би применувала други стратегии овој систем би ги деградирал.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Маргиналецот има специјална анти-зомби стратегија: во тајни куферчиња (ко што имаше Мелани Грифит во Shining Through, веднаш покрај исечените прсти на непријателите и контрареволуционерните ТЕКСТОВИ: Дерида, Бодријар, Слотердијк, Фаерабенд, Витгенштајн, Дишан, Ворхол, Џојс, Музил...) и во специјални теглички допола наполнети со специфичен наркофилски етер, се чуваат како смалените глави на декапитираните конкуренти така и одредени восочни фигурички - слика и прилика на локалните зомбии; и игли за коса, фала богу, ко во филмот „Матадор“ на Алмодавар.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Проблемите предизвикани од сегашната војна против дрогата ме загрижуваат исто колку и Даг Бендоу, иако се сомневам дека стратегијата за која тој се залага е правилна и може да се примени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оваа стратегија го има за цел создавањето на нови субјективни позиции а исто така одговара и на прашањето како да се пронајдат нови модели за себството.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Да му се довери на некој друг работата на желбата, верувањето, љубовта, одлучувањето - не значи одрекување, туку тоа е стратегија: правејќи ја од него својата судбина, вие оттаму ја црпите најпрофинетата енергија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Политиката на локација функционира како стратегија на отпор.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Можеби излезот од оваа критичка стапица во која се најдовме не без наша вина е во поинаквата стратегија, која повеќе не сака наменски да го сервисира туѓиот, туку се обидува да изгради свој нов, паралелен свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Националистичкиот кич во воениот кошмар ја засилува стратегијата на заведување и како вирус навлегува во сите пори на дневниот живот, претворајќи го ужасот на реалноста во - ужас на прошлоста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе