страшилиште ср.

страшилиште (ср.)

Страшилиште беше за Харпија—Албанец гневен сегде што грабеше стрвно.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со глас во кој во кој трепереше некоја скришна тага, тој почна да им ја расправа жалната историја на луѓето од овој крај: Не ни требаат ни риби, ни ништо од оваа страшилиште.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Истиот оној впечаток го имаше тој и при третиот истрел, тој сега речиси и како да си го виде своето зрно, додека леташе како оса и како се закопа во бедрото на она стршилиште, изнаоѓајќи го одлично во виулицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се нишаат ридовите, потскокнува сета земја. Страшилиште едно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да не сум и јас мртов, мајката? Ништо не се знае во ова страшилиште.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Страшилиште било да си меѓу високите чемпреси, платани и тополи, под наклапушените жални врби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Див нагон беше тоа, страст, страшилиште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)