стрвник м.

стрвник (м.)

Огинот гореше меѓу двете колиби, некаде на средината така што можеше чадот да ги брани од комарците и двата влеза. - Бреј, стрвници, како кучиња се нафрлуваат!..
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И колибата, особено сопчето во кое спиеше Бојан, беше непристапно за волци и за кој и да било друг стрвник, освен за човек со лоши намери, но од луѓе Бојан не се плашеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Устата пак ми е преполна со младо сирење набабрени јаболка и зрели црешни и пак ми се чини дека на стариот стрвник сепак му недостасува последниот залак.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Утредента и наредните денови над нивите, полјаните, траповите и патеките по кои протече колоната, во кругови летаа стрвници...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На небото што пред квечерина гори во пурпур, стрвниците не престануваат да кружат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)