стрелба ж.

стрелба (ж.)

Рафална стрелба е основен начин на гаѓање со автомат, му велиш, а тој те прашува кого треба да го убие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се чекорело тетераво, никој не седел на двоколка, дури ни чкрботливиот Симон Наконтик - Господи севишен, повторувал, зошто не останав дома и не си го чекав на ониште судниот ден како што им доликува на причестените старци? - а Арсо Арнаутче, со секакви шамии врз окото преку кое минал турски јатаган, се потпирал со рака врз ѕидот на двоколката и само со една голема и засолзена црнка гледал во призрачноста на случките што останале на патот, најмногу во последниот настан во кој загинал од две стрелби пркосниот Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Фасадите потпукнуваат почесна стрелба, ги шират своите цврсти ѕидови... минуваат купишта луѓе, креатури од далечните ѕвезди, виолетови каскади... продираат во ѕидовите, заканувајќи се тонат во асфалтот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Стоеше исправен во место, вкопан, и покрај тресењето од неговата сопствена рафална стрелба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Втората мисла му беше да се спружи на земја, рефлекс што го стекна во последно време секогаш кога ќе слушнеше рафална стрелба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Слугата покорен“ го крена гласот. Рада продолжи со својата стрелба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Густа и бесна стрелба во мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)