стреловит прид.

стреловит (прид.)

Дува силен ветер, ги витка трските, носејќи го стреловито чунот по водата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Слушаше трчаница. Го отфрли од себе јажето и стреловито се пикна под една издадена в страни карпа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Заминуваше, носејќи ја својата збигорена улетнатост во градите, сега веќе постојано свесен за сите оние стреловити препречувања на неговиот пат, во кој дивината сепак ниеднаш немаше смелост да му излезе пред погледот на чист дофат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во прездивката пред да изрони, вознемиреноста на водениот покривач сосема стивна, како да ја исчекува, и навистина, таа стреловито се врати низ проѕирниот азур,пресекувајќи го привидниот мир меѓу водата и воздухот, и со склопени очи, со мокра коса залепена наназад, ги подигна наросените трепки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но Чанга имаше стреловит ум. Вистинските зборови сами му се лепеа за душата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пешаци и луѓе на ве­лосипеди од сите страни и одвреме навреме минува мерцедес со спуштени завеси, пролетува стреловито низ плоштадот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гури Порадеци, со стреловита брзина, се искачи по скалите. – Брате мој, доцниме, остави ги тие книги, ако сакаш живи и здрави да ја минеме границата! – Брате мили, морам да ти кажам дека не ми се веруваше оти толку тешко ќе се разделам од книгиве.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Речиси во сите фази на напредувањето на Али Фетхи, подоцна наречен Окјар (стреловита мисла), од страна на Мустафа Кемал Ататурк, во знак на неговите реформи, баба се надеваше дека еден од синовите ќе биде прифатен од нејзиниот полубрат на висока позиција, па потоа и сето семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)