стресен прид.
стресе св.

стресен (прид.)

При викот мајчин народот стаписано се стресна и нејзи пат ѝ стори мал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Денес ме виде во паркот како седам, и кога пријде увилен, блед и стресен јас сетив дека непознат човек гледам како што гледа во мене таа есен.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Аргир ненадејно замолча, се стресна уплашено, како некое страшило да излезе тој момент од ноќта и застана пред него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се стресна од својата зачмаеност и стариот вагон. Ги начули ушите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стресените деца во салончето што чекаа на ред зинаа од чудо, им замрзнаа малите, рибји очи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Влегов дома, стресен. Направив два-три круга во собата. Не бев во состојба да застанам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас стапнав пред неа и ја гледав возбудена и со стресена гуша. Што се случило?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Велат дека болеста му се манифестирала по посилен стрес, но и како резултат на хронични стресни состојби.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но средбите се другите стареења, особено ако меѓу нив минале години, се секогаш, признавале или не, стресни.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, откако на работа, таа почнува да се соочува со многу стресни ситуации, заминува на боледување – кое, заедно сосе годишните одмори, изнесува вкупно 11 месеци, што всушност е и период во кој трае иницираниот судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)