стрплив (прид.)

Кога проговори, неговиот глас беше нежен и стрплив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајка ми одбиваше да даде какви било информации околу значењето на таа нејзина среда во која двете ќе заминеме за Париз и ме убедуваше дека треба да бидам стрплива и да чекам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Денеска веруваше во тоа дека ако човек е доволно стрплив, сѐ што чека самото ќе му дојде в раце. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Затоа што мајката има стрплива нежност, а таткото сурова исклучивост.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Домарот, стрплив како цел век да скокал по карпи, а ниеднаш да не исчашил глужд, милозлив како повеќе да другарувал со светци одошто се среќавал со крадци, без збор се врати со другата врвца клучеви и отклучи една ќелија во конакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чекањето го направи стрплив, не нервозен; понизен, не дрзок; прашање беше само дали среќата ќе го следи, како што често се шегачеше дубровчанецот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пеперуѓи со оловни крила по цвеќињата Убавината има стрпливи двојници Зјае вратата кон полето со мермерна трева Ветерот трча по нечии гласови што се чинат детски А кога ја вглавивме вратата во шарките ноќта излезе.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не само заради вујкото, туку и заради присуството на оние многубројни стрпливи љубопитници, иако е премногу наметливо па дури и ми пречи она нивно умешно соживување со присуството на смртта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мајката, ама нестрплив човек... Чекај! Чекај! Ќе дојди, па дури тогаш ќе разбереш!.... - Така е, другари, треба да се биде стрплив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко беше тивок, стрплив, методичен, но тешко успеваше да го преточи своето знаење на македонски јазик, којшто не го владееше толку добро.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)