струготина ж.

струготина (ж.)

Таму сега стои месечината и по водната површина на заливот се грчат жолтунестите струготини од нејзината анемична светлина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Пепел од биволски копита помешан со шеќер и вар, струготини со катран, чад од лути пиперки...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Враќајќи се од своето прво истражување на околината, треперејќи од збунетост, глад и необично брзото стемнување на крајот од необично долгиот ден, во дворот на замокот виде како момче со темна кожа и блескава како старо седло, гол од половината до црните локни залепени од потта, поубав од ѓаволот во книгата која никогаш не ја видел, носи полни раце ронливи и шушкави струготини, ги реди и ги пали, а потоа покриен со синилото на мракот, со позлатено лице и гради на кои потта врие и ‘рти во чад, со празните раце го фрла својот ден на клада.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Маја Како ли блуеше оган во нашето море; млада миризлива струготина, сирова болност во премалата светликавост на сините листови.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)