стршен м.

стршен (м.)

Од големата болештина Силјан летнал како некој стршен и отишол на куќа, та си застанал на левата нога да ја плаче лошата болештина од скршената нога.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Понекогаш, кога ќе му останеше во планините некоја заделена крава, што забегнала од стршенот, или останала расипана од дивината, оној продолжуваше да ака по неа и во вечерите, заедно со нејзиниот стопан со едно фенерче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Куршумите ми поминаа вака, покрај уши: фиу, фиу, ко стршни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А може не беше пчела, вели некој, може да беше оса или стршен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Го касна стршенот, вели некој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се вртеа тој и жена му околу неа и не знаеја што да ѝ прават; ѝ бараа стршлен во кожата, не ѝ најдоа; ѝ бараа трн во нозете, рана некоја, но не ѝ најдоа; ѝ даваа вода, да пие, ѝ даваа да јаде, но таа само рикаше; ја измолзија за да ѝ го олеснат млекото во вимето, но таа и понатаму рикаше; ја одврзаа од јаслите, ја извадија од кералот, ја пуштија да шета низ дворот, низ бавчите, но таа никако да се смири: рикаше ли рикаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога тие ќе крадеа овошје по градините или зеленчук по бавчите, на него белјата ја фрлаа; и кога ќе врзеа куче и мачка за опашка или кога ќе им врзеа конзерви да тропаат по нив и панично мјаукаа и лаеа низ селото, на него белјата ја фрлаа; кога на селскиот добиток ќе му ставеа коњски муви и стршлени под опашката и тие јуреа и рикаа како бесни низ полето или сокаците, белјата на него ја фрлаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Било како било, а стршенот по тој пат двобој останал без едно крило.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А стршенот? Во прав прета, Ни е рицар ни е летач.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И сега се сеќавам на нив, долги како стршлени, тенки на средина, небаре конец. Лазат една врз друга како да косат. Со двете раце ги удирам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На куќата - во - себе како да си отворил девет џама низ нив да и влегуваат другите куќи, парче небо, една црква со осум кубиња и со еден крст, две трепетлики, една остарена слива, еден орев што сам си го засадил, неколку џунџулиња од градината, со нив неколку полжавчиња, три-четири пеперуги, две кошници пчели и осум осилници со оси, стршлен некој и една полна месечина од која ќе се плашиш и ќе стреперуваш, зашто преку џамот и преку очите, таа влегува во тебе, заедно со едно море кое ќе ти бранува во мислата и ќе те обеспокојува и ќе те полудува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Трупот на мојата верба беше преполн со стршлени, кои се котеа тука, како избезумени.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)