стушен прид.

стушен (прид.)

Никој крај него немаше - вишното небе врз него, земјата скришна под него, над гробот врба стушена.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И кога сите минеа покрај врбата стушена - делии се запираа незнаен брат си викаа: „Ја стани, море јабанец на оро со самовили!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Планините раснат, се напрегаат да ги кренат острите грби, сакаат да видат кој чекори, над длабоката модрина на долот, чиј е страшниот извик нечовечен и нејасен, што станува во оваа стуштена и матносребреста наквечерина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И пукаш во стушената ноќ, во лапајцата. Колку да не заспиеш. Се браниш од сонот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оти кога го закопувавме дожд немаше, а времето чека стушено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
10. Времето веќе е стушено, зимата пред врата, што се вели, оддалеку мириса на снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Времето веќе е стушено, зимата пред врата, што се вели, оддалеку мириса на снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Планините раснат, се напрегаат да ги кренат острите грби, сакаат да видат кој чекори над длабоката модрина на долот, чиј е страшниот извик нечовечен и нејасен, што станува во оваа стуштена и матносребреста наквечерина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Надвор изгледа влажно и стушено.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога би смогнал сили, значи, како Буда, и да се втројам ваков - и тоа би било без значење: би се втроил снеможен и - стуштен...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)