судбоносно прил.

судбоносно (прил.)

Заедно со неа се разбрани и студено, морничаво ветре; морничаво како што се морничави и снагата, и мислата и душата при секое вакво исчекување, при секое судбоносно и важно решавање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пред алето чекаат неколку жени и деца. Алето е влезено во сликата случајно, поради ширината на сликата, но алето за Богдан и Видуша има судбоносно значење: тоа е повод за нивното земање, еден вид стројник, судбина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Образованието“ на минатото столетие својата „империјална“ склоност кон корисното судбоносно ја држела за претпоставка на класичноста како таква.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Колку изминуваа деновите, за Марија, доаѓањето на поштарот со писмо стануваше нешто решавачко. Судбоносно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ова полифоно пеење на немирењето и компромисот, никогаш до крај разгатнато, никогаш довршено, останато живо со своите пораки, еден ден некој од потомците судбоносно да го протолкува.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, едно судбоносно совпаѓање! Тие биле готови за акција токму тогаш кога во Македонија се очекувало да почне востанието.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Последното што го најдов испишано од некоја книга, како потсетник за нешто, не сум знаела за што во тој тогашен момент, беше: “... недостигот на лична смисла и суштина го добива својот најсилен израз во едно судбоносно осакатување на животното чувство, на едноставниот секојдневен живот во неговата повеќеслојна и раскошна целина“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)