судир (м.)

Организирањето на вечерните училишта за Македонците печалбари, основањето на јадрото од коешто израсна Младата македонска книжовна дружина и остриот судар со бугарските власти на Стамболов, затворањето и потоа бегството во Македонија – зборуваат дека Груев навистина бил „во бројот на сепаратистите”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш настанаа и првите оружени судири помеѓу „врховистичките” и „централистичките” чети во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Комитетот кажуваше дека нема чети, нема противдејство на реформите од негова страна, а пак Турците кажуваа дека има чети, населението дека има оружје и се готви за востание, војската има постојани судири со четите, четите ги убиваат мирните жители што не ги слушаат и му се верни слуги на падишахот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И кога по судирот чкотна клечка ќибрит и го погледна убиениот непријателски офицер — како и него да го пронижа куршум, бидејќи во него го позна најблискиот свој другар од универзитетот во Марсеј, каде што двајцата студирале на една група, та дури заедно и во еден кревет лежеле цели две години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас сум лотка, осудена на судир со непознатото.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Во приквечерината на овој непроменлив декор од агли и суви камени ѕидишта, бликаше оној огромен свет, полн со преживувања, личности, судири меѓу нив, дива гордост, свет што преминал во минатото, но што е така јасен и жив во неговата пламната глава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе има сигурно расправија со него. И очекуваше судир.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги закачуваше испретураните коски со врвот на чевлите. и овој тажен судир на живите со мртвите тапо и суво одекнуваше во темниот простор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Набргу тие почнаа и да крвават, заскокани еден спроти друг, како петли во најжестокиот судир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дрвото беше толку тврдо, толку суво, што ударите на секирата во него како да не беа допир меѓу челик и дрво, туку судир на челик со челик.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Растењето е секогаш исполнето со судири, ломови, дилеми и застранувања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Треба мирно, сталожено да го разработи секој можен детаљ на судирот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И прелив на бои што истекува удолу... „Битка е судир на најголеми оперативно-стратегиски единици за постигнување на оперативно-стратегиска цел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Под борба, во потесна смисла, се подразбира судир на помали единици (од најмали тактички, па до поголеми здружени).“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Бој е судир на поголеми здружени единици за постигнување на одредена цел, поврзана со време и место“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но и од она што можеше да прилега на судир и караница слабееше, се губеше во подвреснувања и задоволно подвикнување додека лелеавото оро се извлекуваше од црковниот двор под нишки на штотуку почнат дождец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Петте старци, тајно селско правителство и таен суд за селанските судири и недоразбирања, ги составиле главите, од нога да решат заслужува ли Јаков парче негова вила со три запци да му стане судија, суд, судбина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утредента, по едно изгревање и заодување на крвавата месечина со ископани очи и пукната муцка од слеп судир со планинска цуцулка, се видело: меѓу дрвја и камења биле расфрлени неколку стотици крвави птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За разлика од татка, којшто за реалниот живот повеќе учеше од одбраните книги, Чанга го откриваше тој живот низ судирите со него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По бурните настани во земјата, по судирот со Сталин и последиците што следуваа, големата изолација на земјата, првин засилениот глад, а потоа незаборавните пакети од Америка, од кои никогаш не го заборавивме месото со шеќер, јајцата и млекото во прав; граничните инциденти и првите жртви со соседните социјалистички земји.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе