суди (несв.)

Тогај беше го проколнал старецот сиот народ што се наоѓал во нашава земја: "Ох да би Господ ве судил деца, им рекол, што ме отепавте на правина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да дадеше Господ една сипаница лоша да дојдеше и сите вас да ве собереше, та после векот едно да не пркне: овде да се роди, ама бело море и црно да препливаат таткови и мајка ви, тамо да видат челад; откако ќе видат челад тамо, еден Господ нека суди и еве јас си умирам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Можеби некој, а можеби и мнозина меѓу нас ќе речат оти уште е рано да се суди за резултатот на воставањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Каде ќе ти оди душата кога ќе ти се соберат на тој век да те судат?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Меките образи на дедото пламнуват како да си гите веѓи во тежок јазол, се мурти: - Ете, вели, - ние ве раѓаме, вие ни судите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Останаа поп Јаков со дружината во затворот од тврдината да чека со што казна ќе ги накажат аџиите и забитот, ако навистина не ги пратат кај султанот да им суди лично тој, како што им ветуваше аџи Јане кога ги наговоруваше да се предадат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се сети дека боговите диктираат и судат, порасна високо над нив, преголем да уверува со грмотевици, па сакаше да ги сожалува (не можеше) и сакаше да им се смее (не можеше ни тоа).
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Марија - Јана. Јосиф - Симеон! Ти си кретен, свети духу, мислеше и не знаеше што мислат за него сите оние од Нојовиот ковчег собрани како штаб за да го судат за дезертрство од човечката кожа, за ноќно `рзнување и обеспокојување на сѐ што е живо во тој библиски кораб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оној другион го губи тактот, несовладливо му упаѓа во мислите на Арсо, кој сега смело ги урива неговите доводи: „Ви е судено да умрете не од вашите зборови, туку од нашите бомби“! Страшно е да се гледа тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Го дочувавме вие да му судите ... Но вториот овдека го нема ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Ќе им судат ли? - Можеби ќе им судат, а можеби без судење ќе ги стрелаат. На Трајче му падна жал.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но не му беше судено да ја јаде својата убава вечера.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
2. Конзулот си достоја на зборот и му ги теслими на валијата „бунтовниците“ Шаќира и Ѓура пак со интервенција да им се суди по царските закони, и овие се најдоа уште истата вечер во Катилана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
27. ПРАВ Е ТОЈ КАКО ДОЛГО ЈАЖЕ ВО ВРЕЌА - и што да му судат?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
12. КАКОВ СВЕТЕЦ, ТАКОВ ПРАЗНИК - судејќи по празниците што идат кој би знаел какви светци разни очите на пијаниот ќе видат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
— Ти, Марије, си одиш со Мушона, а? Змија лута ќе те клукне, ќе те обеса на сретсело, да знајш? — ја судеше еден ден Толе во Бзовиќ дваесеттодишната убава чупа Марија Милетова од Старавина, за која разбра дека му се подала на Мушон Евреинот што држеше дуќан во Старавина за некакви си прстенчиња, грлувчиња, мониста и други ѕрнѕурки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
СТЕВО: Многу брзо судите за мене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дојдов да ви судам. Воен суд. Скратена постапка.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повеќе