судство ср.

судство (ср.)

Еден ден откако Емил Зола тешко ги обвини војската и судството во истиот весник се појавува протест против повреда на правото во процесот против Драјфус.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Единствен излез ми остана судството, верноста кон правдата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се очекуваше Татко да го изнесе своето пледоаје за судството на Балканот, во текот на владеењето на последните империи, сѐ до оваа социјалистичка судница чиј дел требаше да стане и самиот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За ваква пракса во судството па и во партиските организации авторот прв пат слушаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓу познатите рабини од Монастир, во авионската визија на раби Елеазар бен Цви, дефилираат стари и достоинствени ликови од една петвековна галерија на битолски рабини: Шломо бен Аврахам Хакоен, еден голем законодавец чии респонси се печатени во четири тома некаде помеѓу 1586 и 1652 година, исто така во Солун, прочуениот рабин Аврахам Фалкон роден во 1643 година, раби Шмуел Цадок роден во 1690, стручњак за религиозно судство и верска правда, потоа угледнот Бенјамин Медина роден 1730, раби Аврахам де Јехуда де Бутон кој ги напиша респонсите „Махазе Аврахам” печатени во 1795, Давид де Бутон роден на крајот од 19 век, учениот и почитуван рабин Бенвенисти бен Аврахам Гатења роден 1859 година, раби Аврахам Гер Цедек роден 1800 и Моше Шабат Камхи роден 1865 година кој инаку бил преобратеник во јудаизмот, потоа рабинот Давид Бен Шломо Папо чии прочуени беседи „Бни Меир” и „Пне Давид” се изречени во Ерусалим во 1914 и 1924 година, потоа сефардскиот мудрец инаку главен рабин од Ерусалим, д-р Ариел бен Цион роден 1913 година...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Балот ќе потенцира колку работите порано биле лоши – невработеност, сиромаштија , корупција во државната управа, помеѓу политичарите и судството.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Француската Источна армија, во 1914 година во блискиот град Корча, пред сѐ, од стратешки воени причини, ја зазеде Корча и тука формира мала Корчанска република, посади преку ноќ мали европски институции во доменот на администрацијата, судството, здравството, даночната политика, по зазор на француските институции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)