суетен прид.

суетен (прид.)

Велат, жешкото сонце ги подбуцнуваше суетните мечтаења на источните властодршци за непрегледаната моќ на новата Империја, потпрена со нивните гигантски статуи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Добро го кажав ова, ха! Тој не дека не те сакаше, но лесно поводлив ли, суетен ли, желен за престиж ли, сите го гледавме како оди по сечилото на жилетот, впрочем сакаше да се знае, и сите знаевме, оти и не беше само таа, ама со неа беше посериозно, и за детето се вели дека е негово, ама луѓето знаат и да ги надујат работите!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знам дека луѓето се суетни, прости и алчни, но не сум знаел дека овој проклет свет околу мене ќе се дрзне да ме одгатнува и, уште да смета, дека ме проѕрел?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Полуглува и суетна, не сакаше да си стави апаратче за уши, велејќи дека сите си вообразуваат дека е глува поради тоа што е стара.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Незгодата е овде што критичката мисла засега едно дете, изведено не по свое барање да го ценат, а како што му се чини на уметникот, кој е сега готов да мине во друга крајност, некако силум привлечено во вителот на оние суетни работи околу кои се ломат амбициите на големите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Којзнае можеби еден ден станувајќи рано в зори ќе бидеш сведок на некој неверојатен настан кој решил да се случи за токму тебе да те направи славен а ти суетен поет кој дотогаш само за природа си пеел и мислел дека си главен неверуваќи им на своите очи ги затвориш кепенците од куќните одамна дотраени прозори и нишајќи со главата во негодување на она што пред тебе животот го точи длабоко ќе воздивнеш велејќи: – одамна заминаа моите возови 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Дали сум јас толку суетна или навистина никој не се снаоѓа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)